пишува. Ацо Лукароски
Апасиев манифестира омраза кон сограѓаните Албанци, но и кон Турците, кон Грците и кон сите други. Ги мрази ЕУ, ги мрази НАТО, ги мрази Американците, Германците. А најмногу ги мрази Македонците што не мислат како него. Чашата ја прелеа неговата јавно изречена омраза кон Егејците.
Апасиев ги мрази сите, се сака само себеси. И не можам да не направам споредба со државата во којашто живеам. Си замислувам некој политичар во Канада јавно и силно да почне да манифестира омраза кон Французите, кон Кинезите, кон „нативните“ Индијанци итн.
Па истиот тој политичар да почне да пцуе по социјални мрежи, пишувајќи „Пичка ти материна, ќе те дадам на Уставен“.Таков политичар во Канада не би добивал „лајкови“, туку би пропаднал истиот ден. Рејтингот на анкети би му паднал на НУЛА проценти.
Затоа Канада е Канада. Затоа што ГРАЃАНИТЕ ВО КАНАДА сакаат сериозни, позитивни политичари. Коишто нудат решенија. Коишто ја сакаат својата татковина, но ги почитуваат и сите други. Граѓаните во Канада не сакаат шалабајзери коишто градат рејтинг со фашистичка реторика.
Се плашам дека „назад ни е зимата“. Се плашам дека заради Апасиев Македонија ќе трпи многу штети во иднина. Со долготрајни последици!
Текстот е личен став на авторот.