Разорниот земјотрес со епицентар во хрватското гратче Петриња досега однесе најмалку седум животи, а потрагата под рушевините продолжува и вечерва.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се забележува колку всушност била разорна моќта на потресот.
Огромна пукнатина, дупка, како земјата да се отворила. Пукнатината е многу долга и длабока и се наоѓа на влезот на градот.





