ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

2020-та, година на најголемите успеси во одбраната, година на НАТО – членството

December 31, 2020 14:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Годината која светот ќе ја запамети по здравствената криза предизвикана од пандемијата на корона – вирусот, во одбраната беше успешна година, година на полноправно членство на нашата татковина во НАТО. Северна Македонија после три декади успеа да го исполни својот сон, да заокружи една стратегиска цел, а тоа е членството во најмоќниот воено-политички сојуз во историјата на човештвото, соопштуваат денеска од Министерството за одбрана.

Се наведува дека 27 март 2020 година е датум кој ќе влезе во учебниците на нашата историја. Претходеше брза ратификација на Договорот за членство на Северна Македонија во НАТО во парламентите на земјите членки, кои доследно го спроведоа процесот на ратификации и во услови на светска пандемија.

Со членството во Алијансата, подвлекуваат од МО, ја зацврстивме безбедноста дома, но и во регионот, каде станавме значен фактор на стабилност.

– Како членка на НАТО, ја започнавме првата Air Policing НАТО мисија која е ексклузивна придобивка за земјите членки на Алијансата со цел заштита на интегритетот на воздушниот простор на сојузничките држави. И покрај предизвиците со кои се соочувавме, особено во време на пандемија која целосно го промени начинот на живеење и работење, во одбраната продолживме да ги спроведуваме активностите за целосно интегрирање во структурите на НАТО. Го добивме првиот пакет на НАТО цели и способности и започнавме со трансформација на Армијата, стои во соопштението од МО.

Армијата оваа 2020 година, потсетуваат, уште еднаш покажа дека постои за граѓаните, го помага здравствениот систем со медицински персонал од Военомедицинскиот центар. Вкупно 110 лица беа ангажирани во помошта на јавното здравство во КОВИД центрите низ државата, од кои 17 доктори, 47 медицински техничари и 46 ангажирани како помошен персонал.

– Даваме медицинска поддршка за работата на здравствените установи, обезбедивме воено-санитетски возила за јавното здравство. Ја поддржуваме полицијата во обезбедување на виталните државни објекти, се грижиме за безбедноста на границите, ја поддржуваме локалната самоуправа во справувањето со последиците од пандемијата. Од норвешката донација од 13.500 брзи тестови, 10.000 отстапивме за тестирање на граѓаните. Продолжуваме да бидеме столбот на кој можат да се потпрат граѓаните во оваа сериозна здравствена криза, подвлекуваат од МО.

Се фокусиравме, стои во соопштението, и на развојот на Армијата. По двете покачувања на платите за припадниците на Армијата во 2019-та, во 2020 година се покачени платите на цивилниот персонал во Армијата за дополнителни 10 проценти. Од март како надоместок за закупнина, секој припадник на Армијата добива околу 8.000 денари секој месец. Тоа се, оценуваат, повеќе пари за војниците, поголем буџет за нивните семејства. Прв пат сите припадници добија бенефициран стаж. Се обезбедија повисоки надоместоци за пилотите, воздухопловниот кадар, медицинските лица, критичните специјалности, за припадниците кои се дел од нашата НАТО – единица, Лесната пешадиска борбена група. Припадниците на Армијата вклучени во борбата со пандемијата добија поголеми дневници.

– Годинава што изминува работевме на условите за работа, за можностите за обука. Пробивме нови патишта на „Криволак“ кој е нашата лична карта во НАТО. Обновивме дел од постојната инфраструктура во овој полигон, и тоа целосно со наши сили. На овој полигон се реализираше колективната обука на нашата НАТО – декларирана единица со тим од Обединетото Кралство, а следната година ќе ја реализираме вежбата „Одлучен удар“ 2021 каде ќе учествуваат околу 2.000 припадници на Армијата на Република Северна Македонија со армиите на САД, на Бугарија и на Грција. Создаваме полигон со сите услови за изведување на НАТО обуки, стои во соопштението од МО.

Се продолжува и процесот на набавка на нова и модерна опрема за Армијата. Имено, Армијата доби три нови дополнителни инженериски машини со што вкупната бројка на нови инженериски машини се искачи на 13, а во тек е и набавката на лесни оклопни возила за Лесната пешадиска борбена група која е наша НАТО декларирана единица.

Подобрени се и условите за работа – целосно реновираме два нови објекти во касарната „Илинден“, а е реновиран и руинираниот објект во касарната во Куманово, кој денес е модерен објект во кој е сместена командата на Бригадата на Југоисточна Европа. Набавена е и комплетно нова спортска опрема, која заедно со инвестициите во спортски справи ќе ни донесе и физички поподготвена Армија.

Армијата се опремува, но и подмладува, велат во соопштението и потсетуваат дека во септември се примени 70, пред само неколку дена уште 200 нови професионални војници кои мораа да се изборат за своето место од вкупно 1800 кандидати. Подмладувањето на Армијата продолжува и во 2021 година.

– По цели 11 години пауза, за прв пат го започнавме процесот на обновување на подофицерскиот кадар, кој е ’рбетот на Армијата. Следната година Армијата ќе има нови 120 подофицери, се наведува во соопштението од МО.

Одбраната е и најтранспарентната институција во државата. Министерството за одбрана е лидер според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации.

 

/МИА/
Next Post

Која вакцина против Ковид-19 да се одбере?

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk