Домот на млади во Штип вечерва организира онлајн диџеј забава, која изгледа навистина светски. Сите забави што ги посведочивме во 2020та година, беа онлајн – па да ја завршиме и испратиме како што е редот.
Преносот започна на Фејсбук страната на Дом на млади – Штип, а потоа се пресели на Јутуб.
„Всушност ова што слушаме се диџеи, продуценти кои континуирано творат и се движечка андерграунд сцена во Штип. Секој за себе има свои успеси, настапи низ Европа, Индонезија, Америка – скоро на целата Земјина топка. Она што ги обединува е вербата за подобро утро и повторно живеат со надеж да пуштаат музика пред својата публика. – изјави Горан Трајков, директорот на Дом на млади – Штип за Фронтлајн.
Уживајте во последните часови од 2020та, заедно со Домот на млади во Штип и со Фронтлајн.
В. Д.