Домот на млади во Штип вечерва организира онлајн диџеј забава, која изгледа навистина светски. Сите забави што ги посведочивме во 2020та година, беа онлајн – па да ја завршиме и испратиме како што е редот.
Џенифер Лопез не застанува. И покрај сите останати ангажмани и лансирање на козметичка линија, 51-годишната пејачка ќе настапува на Тајмс сквер за дочекот на Нова година.
Австралија веќе ја дочека новата година. Со голем огномет во Сиднеј беше означен почетокот на 2021 година.Традиционалниот спектакл годинава помина без посетители поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
Создаде стравови, но и сруши. Анксиозност и будење. Исполнети желби и основни далечни копнежи. Ролеркостер кој вечно ќе го паметиме. Моето патување овие 365 дена беше неверојатно брзо и космички емотивно.Многу плачев годинава и многу се смеев, раснев низ твоите лавиринти паѓав во напади на паника, но паѓав и во напади на љубов. Создавав и рушев. Дишев полека и брзо. Научив дека нема шанси да ти оди се по план, ама пак си купив планер. Почнав да ги чувствувам сите сетила. Научив дека најважен е допирот. Копнеам за долго гушкање со моите дома. За да играм претстави без престан, за добра долга журка. Ме научи да ги ценам малите работи, пијалок со другарка, гужва на плоштад и добра песна во ноќен клуб. Ме научи да се сакам себе си, таква каква што сум, но повеќе да ги сакам моите луѓе – кои се мој одраз во огледало. И да не си ок е ок – е нешто што е мото годинава и се е ок – се додека дишеш и се надеваш.