ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во Новата година со 19.379 активни случаи на Ковид-19 и 2.503 починати, апел да се почитуваат мерките

January 1, 2021 08:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државава влезе во Новата година со 19 379 активни случаи со Ковид-19. Вчера беа регистрирани нови 536 од направени 1662 тестирања, 15 починати, 741 оздравен пациент.

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, заклучно со вчера, се лекуваат 871 пациент суспектен или позитивен на коронавирусот. Во ковид центрите има околу 450 празни болнички кревети.

Ковид статистиката на ресорното Министерство покажува дека најмногу активни случаи има во Скопје 11.333, по што следат Тетово со 847, Струмица со 604, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово со по околу 500…додека Кратово е со најмалку активни случаи – 17.

Здравствените власти во пресрет на празниците апелираа на почитување на мерките и протоколите. Истакнуваат дека со вакцината која влева надеж за целото човештво, секој ден сме чекор поблиску да ставиме крај на пандемијата. Иако епидемијата стивнува, истакнуваат дека нема простор за опуштање.

-Вакцината е најсилното оружје во борбата со вирусот и таа сигурно ќе ја промени сликата. Но, сé уште е рано да го спуштиме гардот. И натаму мораме да останеме претпазливи и да продолжиме да ги почитуваме мерките. Веројатно ќе помине уште некое време додека да им се вратиме на животите онакви какви што беа пред Ковид-19, порача вчера во новогодишно обраќање министерот за здравство Венко Филипче.

Тој им се заблагодари на медицинските работници за ангажманот во борбата со Ковид-19 и повторно упати апел празниците да ги поминеме во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките.

Првите дози од вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ во државава треба да пристигнат во февруари, откако завчера здравствените власти постигнаа директен договор со компанијата. Количината ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер, според најавите, ќе пристигнат во март и април.

Од Министерството за здравство информираа дека продолжуваат со разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

Во текот на месецов се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем треба да биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 83 329, на оздравени пациенти 61 447, а на починати 2.503./МИА/.

Next Post
Фото: Кирил Михаилов

Оставаме година на пандемија, 2021. година на очекување и опоравување

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk