Некаде низ светот се славеше како ништо да не се променило, но низ повеќето земји, спектакуларните огномети беа проследени од домовите, а најпопуларните места кои порано биле преполни со развеселени луѓе, годинава беа речиси празни заради рестрикциите среде пандемија.
Пандемијата целосно ни го промени животот и навиките, а сите со нетрпение чекаа да ја испратат 2020-та, годината која остави голема трага и ќе биде запомнета по многу лоши работи.
Сепак, нејзиното дочекување не беше со толку голема слобода, со оглед на рестрикциите низ земјите во светот, заради заштита од заразата.
Но, тоа не ги спречи земјите да понудат новогодишен спектакл на небото, а иако во повеќето градови прославите беа забранети, има и такви каде безгрижно се дочека новата година.
Сиднеј не разочара со уште едно спектакуларно новогодишно шоу, но оваа година без публика, на Тајмс сквер во Њујорк имаше неколкучасовно шоу со ограничен број на посетители и полупразни улици кои се нетипични за дочек на Нова година на ова место, во Нов Зеланд се дочека 2021 без рестрикции заради немањето новозаболени случаи, а во Вухан огромна толпа со маски одбројуваше до полноќ.
https://youtu.be/ePC7iHgd-Cc







