ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Стварноста е преценета

January 3, 2021 15:49
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Стварноста е преценета.

Вели Пети Смит во предговорот на последната книга на Сем Шепард.

И многу други рокери, писатели и филозофи го тврдат истото.

Тричковски, на пример.

И тој смета дека стварноста е преценета.

Особено ако е подметната.

Ако е произведена во градинката на големите деца.

Ако е лажна.

Или ако е стварна, но без логотипите што ги загубила по патот.

Без својот идентитет.

Што го загубила самата или со мала помош на своите пријатели.

Јас сум еден од нив.

Најголема среќа чувствувам што и во новата година ќе можам да се занимавам со македонскиот идентитет.

Така што ќе продолжам да го уривам.

Тоа е единствениот спас за таа убавина.

И спас од неа.

Да речеме, каков е тој свет на мислата, бесмислата, на јазикот и чувствата, кој е во состојба да му префрли на Филипче дека по сто операции на сто мозоци и спас на илјадници пациенти, во годината со 3.000 работни денови, отишол да се издува на чист воздух и за таа намена тој свет ја одбрал не така младата фиданка на класичната македонска игранка, Ганка, демек, да, да, да, за неа зборуваме, значи не само за глупоста на оваа паралела како таква, туку и за жената која ја одбира да ја шири, заборавајки дека таа како министерка не одеше да се издувува во природа туку се издувуваше директно врз мозокот на Македонецот за време на оперцијата што ја вршеше по нарачка на својот менгелистички скотски татко, вградувајки му бронза и стиропор на местата на кои порано овој питом човек, Македонецот , не скотот, имаше нормални синапси. Како мала релаксирачка активност од искачувањата по стрмните падини на македонската беласица светлата иднини.

На ослепените.

На јамахите на вмро.

Каква стварност ќе бидат емоциите што ќе ги предизвика следниот наслов: Родители на дете со посебни потреби го прашуваат Заев како не му е срам да се качува на Беласица со мотор на четири тркала, кога нивното дете нема ниту за лек?!

И тие што ќе ја осудат објавата и тие што ќе речат, стварно, луѓе, колку апчиња можат да се купат со парите за еден мотор на четири тркала, викан уште и квад.

Колку лекарства можат да се купат со парите што премиерот ќе ги уштеди на бензинот ако тргне пешки да се враќа во Скопје?

Ако  тие сто-петшеесет километри ги помине со едно мало шишенце “изворска”. Ем полесно за носење ем поефтино отколку бутилка од литро ипол.

Колку, на пример, болници можат да се купат со една таписерија во Штабквартирата на злото, со еден спрат на таа зградурина или со целото зло како такво!?

Колку деца нема да имаат посебни потреби да не е Жмицко и неговата фабрика за посебни потреби на деца.

И возрасни.

Како е можно еден пожар да предизвикува позитивни, дури екстатични чувства.

Да се навива за короната во битката против човекот.

За Бугарија во битката против Македонија.

Да се довикува несреќата.

Најголемата можна несреќа.

Петрињски земјотреси и калифорниски пожари.

Со шамански ритуали по телевизиите, со мешање на господ, на клетви, просташтво, пцофташтво, лајнарство.

Количества на страдања кои се важни само како инструменти за соборување на Заев.

Како и каде се раѓа таа редукција на свеста.

Во која човекот прифаќа да си ја запали куќата за да може со чадот да го истера Зајакот од фотељата.

Какво е тоа пореметување на умот.

А какво е и пореметувањето кое првото пореметување го гледа како политичка опција.

Елемент на демократијата.

Има ли човекот право да ја запали сопствената куќа.

Дали  е нарушување на неговите права ако му се каже дека е луд и дека треба да се лечи.

И ако се однесе на лечење.

Какви се правните и моралните импликации ако лудакот се убие.

Или ако го убијат.

Или ако ние го убиеме.

Јас немам високо мислење за способноста на Македонецот да мисли политички. Но мислам дека оваа ниво на агресија и злобо не му се својствени. Тие се имплантирани во нашата средина со некои геополитички и идејни вакцини. Тие се елемент на специјалната војна против Македонија и против нас. Што и да значиме и ние и Македонците. Освен разликата меѓу злото и природата на човекот, во таа смисла говорат и следниве елементи:

Злото и неговото кондиционирње низ очекувањата, навивањата, подготовките и делувањата, нема карактер кој е погоден за мобилизација, партиска, политичка, каква год, туку има потенција и функција за дезинтеграција, за растурање, за кинење,на лигаментите на општеството на општеството како такво, тоа е проект за кој тука капацитети нема никој, но има лудаци кои можат да се ангажираат за сервисирање на злото.

Второ, системтичноста, интензитетот и фрекфенцијата на злото, не е од тука, таа разработка  е од друго место, наши се само изведувачите на работите, малтерџии, вмро е ангажирано затоа што е деструкција според самата идејна дефиниција и по тоа што е збирштина на најстрашното просташтво кое е погодно за манипулации, упади, пучеви, убиства, пожари и слични свињарии.

Трговскиот центар е запален во моментот кога низ кретенизираното општество беше распространета сликата за човечкото лице на злото преку едно новогодишното интервју. Алиби. Како општа штета и како симболика. Како кога Груевски од Виена го гледаше крвавиот пуч на 27 април. Но, нека да оставиме да видиме кој човеколик примат го заборавил вклучен својот мозок пред да отиде во централата на злото по својот хонорар.

Next Post

Костадинов: Не може да се добие употребна дозвола за објект, ако не се запазени сите фази, вклучително и противпожарен систем

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk