ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Масовната вакцинација кај нас истовремено со земјите од регионот, првите вакцини во февруари, вели Заев

January 3, 2021 17:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првите количини од „Фајзер“ вакцината ќе пристигнат во февруари, а согласно планот за дистрибуција останатите се очекуваат во првите месеци од 2021, изјави премиерот Зоран Заев.

Нагласи дека Министерството за здравство од почетокот на пандемијата, поточно веќе осум месеци е во преговори со Ковакс механизмот, за набавка на вакцини против Ковид-19 на Светската здравствена организација и на Глобалната алијанса за вакцинација и во 2021 година започнуваат со активности за конечно запирање на ширењето на Ковид-19.

Набавката подразбира 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот.

-Веќе е потврдено дека првите количини од „Фајзер“ вакцината ќе пристигнат во февруари, а согласно планот за дистрибуција останатите се очекуваат во првите месеци од 2021 Предвиден е и трет механизам преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони, истакна Заев.

Започнат е процесот на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините за Ковид-19, а сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината се вклучени во обуката со поддршка на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.

-Се подготувуваме и набавуваме фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури. Добри вести се и оние кои велат дека вакцини за нашите граѓани ќе пристигаат во исто време кога ќе пристигаат и кај некои од земјите-членки на ЕУ како што се Бугарија, Австрија, Грција, Полска и кои веќе најавија дека дел од нивните вакцини ќе бидат распоредени и за земјите од Западен Балкан, вели премиерот.

Додава дека темпото за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 го утврдува Ковакс системот. -Тоа е систем на СЗО и на Глобалната алијанса за вакцинација, кој што овозможува како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители еднакво да бидат дистрибуирани кон сите земји коишто аплицирале на тој механизам. Сите земји од регионот и Европа аплицираа во тој механизам, нагласува Заев.

Во врска со критиките на опозицијата дека власта не се потрудила доволно за побрза набавка на вакцините, Заев вели дека Министерството за здравство веднаш откако се укажала можноста за директни преговори со производители на вакцини против Ковид-19, стапило во контакт со произведувачи на вакцини како Фајзер и Астра Зенека.

-Водиме преговори и со други произведувачи кои се на пазарот. Првите сериозни количини вакцини кои може да направат реална промена на иминуолошки план ќе ги добиеме во исто време со останатите земји од регионот. Масовната вакцинација во Северна Македонија ќе се случува во исто време со земјите од регионот, вели Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Денеска се регистрирани 237 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

ПМГ Рекордингс Фестивал 14 – тридневен музички настан во МНТ и Јавна соба

October 15, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп му се закани на Бостон: Ќе го повикам Инфантино од ФИФА да не се одржува СП 2026 во тој град

October 15, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Преку 9 милиони евра подршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk