По повод новогодишните и Божикните празници, дојранскиот градоначалник Анго Ангов, донираше таблети за следење на онлајн настава на ученици за кои од училиштата му било алармирано дека немаат услови за следење на наставата од дома.
Од Општината Дојран велат дека градоначалникот Ангов со сопствени средства купил пет таблети со цел на учениците, на кои им биле неопходни, да им обезбеди услови во иднина полесно да ја следат наставата и успешно да го совладаат наставниот материјал од редовниот образовен процес.
Претходно градоначалникот Ангов, во соработка со приватната компанија ,,Солун 53“ им додели новогодишни пакетчиња на учениците од прво до петто одделение во сите училишта на територијата на општина Дојран.







