Премиерот Зоран Заев во гостувањето на Сител, вели дека не планира да даде оставка поради бугарското вето, како што бара опозицијата. Тоа, според него, би значело изневерување на граѓаните, од кои бараше втор чист мандат, кога есента 2019 година поднесе оставка поради француското вето.
Во гостување во вестите на Сител, одговарајќи на прашање околу барањата на ВМРО-ДПМНЕ за негова оставка и формирање влада на национален спас до локалните избори в година, Заев рече дека нема потреба од предвремени парламентарни избори кои би имале сличен исход како и изборите на 15 јули, посочувајќи дека СДСМ е во предност пред ВМРО-ДПМНЕ.
„Во октомври 2019 година поднесов оставка, на барање на опозицијата, по француското ‘не’ за почеток на преговорите. Во меѓувреме, добивме одлука за старт на преговорите со ЕУ, а граѓаните ми дадоа доверба за уште еден мандат, така што нови избори би значеле изневерување на граѓаните. Нема да го направам тоа, а и нема логика дасе организираат нови избори што би завршиле исто како и неодамнешните“, рече Заев.
Заев рече и дека Владата ветила редовни избори.
„Доста се веќе предвремени избори. Постојано секоја година да имаме предвремени избори, нема причина“, наведе премиерот Заев и дополни тоа не е изговор за предвремени избори“, изјави Заев.