Со ограничен број посетители, со почитување на заштитните мерки и протоколи, годинава во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одбележа Бадник, а годинашниот кум, докторот Никола Пановски, испрати апел до граѓаните за уште малку трпение поради ситуацијата со ковид-19.
„Одиме на подобро. Секој ден ќе биде полесен од претходниот. Само уште малку трпение да не ја расипеме работава на крај. Имаме поубава година и следната година да се собереме како што му приличи на секој Бадник“, изјави Пановски.
Традиционално, со кочија и бадниковиот куп, Пановски, заедно со најтесното семејство, замина од Соборниот храм.