ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ФАО: Светските цени на храната во декември на највисоко ниво

January 7, 2021 15:21
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светските цени на храната во декември 2020 година продолжија да растат седми месец по ред, со пораст на сите клучни категории намирници, освен шеќерот, објави денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на ФАО, кој ги мери месечните промени на цените во кошницата за основни прехранбени производи, која се состои од житарици, маслодајни семиња, млечни производи, месо и шеќер, во просек минатиот месец изнесуваше 107,5 поени во споредба со 105,2 поени во ноември.

На ниво на цела 2020 година, референтниот индекс на ФАО во просек изнесуваше 97,7 поени, што е тригодишен максимум и раст од 3,1 процент во споредба со претходната година, но сепак е над 25 проценти понизок од историскиот рекорд забележан во 2011 година.

Цените на растителното масло продолжија нагло да растат во декември, зголемувајќи се за 4,7 проценти на месечно ниво, откако во ноември пораснаа за повеќе од 14 проценти.

Житарките се зголемија за 1,1 процент на месечно ниво во декември, како резултат на повисоките извозни цени на пченицата, пченката и оризот, поради слабите приноси во Северна и Јужна Америка и Руската Федерација. Во текот на целата 2020 година, цените на житните култури пораснаа за 6,6 проценти.

Цените на млекото и млечните производи исто така се зголемија во последниот месец од минатата година за 3,2 проценти во споредба со ноември, додека на ниво на цела година тие беа за околу 1,0 проценти пониски отколку во 2019 година. Декемвриското поскапување на млекото и млечните производи беше поттикнато од силниот увоз на глобална побарувачка, како и домашната побарувачка во Западна Европа.

Месото беше поскапо за 1,7 проценти во декември во споредба со ноември, но на ниво на цела 2020 година, во просек беше поевтино за 4,5 проценти од претходната година. Цените на месото од живина најмногу се зголемија во декември поради избувнувањето на птичјиот грип во Европа, додека цените на свинското месо малку се намалија поради прекинот на германскиот извоз во Азија по избувнувањето на африканската свинска треска.

Од друга страна, цените на шеќерот останаа стабилни во декември по 3,3 проценти раст во ноември, предизвикани од влошените изгледи на родот за шеќерна репка и трска во ЕУ, Русија и Тајланд поради лошите временски услови. Во 2020 година, шеќерот поскапе во просек за 1,1 процент во споредба со претходната година.

 

/МИА/
Next Post

Во Хрватска досега вакцинирани 20.000 граѓани

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk