ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Историја на нападите врз Конгресот на САД

January 7, 2021 15:47
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На 6 јануари 2021 година, поддржувачите на Доналд Трамп упаднаа во Капитолот во Вашингтон за време на широкото заседание на двата дома на Конгресот на САД за сертификација на резултатите од претседателските избори одржани во ноември 2020 година. Во хаосот и нередите загинаа четири лица.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во минатото, разни политички сили се обидувале да го нападнат или заземат Конгресот на САД. 

На 24 август 1814 година за време на британско-американската војна, Вашингтон бил окупиран од британската војска под команда на генерал-мајор Роберт Рос. Англичаните тогаш го запалиле зданието на Сенатот и Претставничкиот дом, недоизградената Бела куќа и повеќе други државни објекти. Запалена била и библиотеката на Конгресот. Според историчарите, тоа е единствен случај кога Капитол бил целосно заземен и разрушен. 

Четири членови на Националистичката партија на Порторико кои се бореле за независност на оваа карипска земја од контролата на САД, на 1 март 1954 година упаднаа во Конгресот и отворија оган од автоматско оружје. Во нападот биле ранети пет конгресмени. 

Во знак на протест против војната во Виетнам и бомбардирањето на Лаос, активисти од радикалната организација „Weather Underground“, активирале бомба на првиот кат на Капитол. Немало настрадани, експлозијата причинила само материјална штета, а разурнат бил делот од зградата каде се наоѓал Сенатот. 

На 24 јули 1998 година, Расел Јуџин Вестон –помладиот вооружен со револвер со калибар 38, се втурнал во зградата на Конгресот и отврил оган, при што загинале двајца полицајци. Според напаѓачот, основен мотив за стореното било неговото незадоволство од работата на сојузната влада. 

Лари Доусон, 66 – годишен жител од Тенеси, на 29 март 2016 година се обидел да отвори оган кај влезот на Капитол хил наменет за посетители на Конгресот. Како резултат на ова, бил ранет само напаѓачот и една жена случаен минувач. Инцидентот е наречен како „злосторничко дело на eдинечен демонстрант“. 

Next Post

Шекеринска: Случувањата во Вашингтон нека се лекција за цел свет

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk