ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бабовски: Почнува периодот за подготовка на документација за користење на средства од ИПАРД Мерка 3

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани дека од денеска е објавена Најавата за нов повик за ИПАРД, поточно за Мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“

November 23, 2019 12:42
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани дека од денеска е објавена Најавата за нов повик за ИПАРД, поточно за Мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“. пренесе МИА.

Како што соопшти Агенцијата, јавниот повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020) година ќе биде објавен во втората половина на декември годинава.

Директорот на Агенцијата Николче Бабовски, информира дека од денеска, па во наредниот период, за сите заинтересирани кои сaкаат да користaт средства од ИПАРД програмата, поточно преку Мерката 3, „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ им се дава подготвителен период од најмалку 30 дена за прибирање на потребната документација за изработка на апликации за поднесување на барања за користење на финансиска поддршка од ИПАРД 2 Програмата.

– Со помош на средствата од оваа мерка ќе може да се реализираат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, вклучувајќи и јајца, живина, овошје и зеленчук, вклучувајќи печурки, компири и илегуминозни култури, житарици, млечни продукти и скроб, зеленчукови производи, масла и маснотии од животни, шира, вино и оцет, појаснува Бабовски.

Преку Мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“, ќе може да се набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи, од растително и животинско потекло, како и да градат нови или реконструираат постоечки објекти за преработувачки капацитети, а со цел унапредување на домашниот агро – сектор и достигнување на ЕУ стандардите.

Деталите за Јавниот повик 02/2019, ќе бидат објавени дополнително, поточно втората половина на декември а огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници. Сите кои сакаат да аплицират за добивање на средства од ИПАРД 2 програмата, ќе треба да ја подготват потребната документација и откако ќе биде објавен повикот да поднесат барања. Апликациите мора да бидат целосно комплетни.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата. Во наредниот период а со цел поголема информираност на заинтересираните страни, тимови од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, од Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, и од АПРЗ, ќе одржат ИПАРД инфо денови и работилници на кои сите заинтересирани ќе можат да се информираат и да поставуваат конкретни прашања за можностите и начинот за искористување на овие средства.

Со користење на европските средства од петтата компонента на инструментот за претпристапна помош се унапредува и осовременува домашниот агро-сектор, а со тоа се овозможува зголемено производство, квалитет, како и пласман на домашните земјоделски производи во странство, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Next Post

Мицкоски го обвини Заев дека одзел по 450 денари од пензиите

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk