Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте. Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите. П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин“, напиша директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќaровски, на својот Фејсбук профил.
Реакцијата доаѓа по вчерашното причестување во повеќе црковни храмови, со причестувањето со исто лажиче.