Филозофија на политичкиот врв апропо Договорот со Бугарија и (не)изгледите за полнотправно ЕУ членство: „кисело е грозјето“, „да си се средиме по дома“ – „ЕУ тука, не ние во ЕУ“ (што?? кој верува во тоа бе?).
Буквално на Грујо филозофијата по 2008 Букурешт. Прво, бугарските челници може да зборуваат што сакаат по интервјуа (а и нивните учебници), НО официјално и пред ЕУ Советот 1) нација признаваат, 2 јазик признаваат. Се друго е околен муабет, коментар во некој европски весник, изјава на некојси Каракачанов – НО, идентитетот – како политичка категорија – на двете точки (јазик и национално самоопределување) е признаен, и тоа е сто пати повторено од Захариева (прочитајте и го пак интервјуто за ди Велт). Придружните коментари навредуваат (како „од 1944 сте“), но немаат конкретни политички, идентитетски последици. Што се однесува до фамозниот анекс: 1) анекс не тежи повеќе од договор, 2) ако не лажеш дека ќе спроведеш договор нема што да ти пречи анекс од кој можеш конечно и да добиеш бидејќи КОНКРЕТИЗИРА што и кога можееш и сакаш да направиш (тогаш и ќе знаеш дали можеш да го спроведеш или ќе се откажеш – кога ќе знаеш за што КОНКРЕТНО станува збор). Ова е јалов, безидеен однос кон нештата кој ќе доведе пак до тоа да бидеме перципирани како проблематични, а оваа влада нема да продолжи да биде миленичка на ЕУ ко до сега. „Сите се на наша страна, не сакаат, најубај сме“ заврши – чекаат да си го решиш проблемот пред да почнеш да преговараш. Ставот на Португалија е став на ЕУ, не се занесувајте. На нас е да си го решиме проблемот најдобро
што можеме – но прво да признаеме дека имаме проблем. – напиша на својот профил Катерина Колозова, теоретичарка и професорка.