Република Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставивме, рече вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската ТВ Нова.Според него, Република Северна Македонија имала шанса да одреди датум за преговори уште во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори, рече Каракачанов.Според него, Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, но загрижува говорот на омразата против сè што е бугарско.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела оствари комуникација со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева каде беше договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план, соопшти Министерството за надворешни работи.
Папата Франциск денеска изјави дека е „запрепастен“ од нападот на демонстрантите врз американскиот Конгрес, кој беше извршен на почетокот на неделава од приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп и го осуди насилството, кое тој го нарече напад врз демократијата.
Папата Франциск рече дека планира да прими вакцина против коронавирус на почетокот на следната недела и ги повика сите луѓе да се вакцинираат за да ги заштитат не само своите, туку и животите на сите други.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-270, Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.