Поранешниот претседател на комисијата за антидиксриминација Александар Даштевски смета дека е уште покомпетентен да биде претседател на Државната изборна комисија поради неговото претходно искуство.
Даштевски и понатаму смета дека експремиерот, сега бегалец Никола Груевски бил дискриминиран од страна на судиката Добрила Кацарска. За таа одлука тој посочува дека гласале пет члена на комисијата, и неговиот глас не бил пресуден.
” Предложен сум од опозицијата, кога го видов конкурсот, конкурирав. Документите се поднесуваат во политичките партии бидејќи тие предлагаат, и видов дека опозицијата ме предложила мене. Не знам дали ќе ме изберат. Не сум песимист, него она “прво скокни – па кажи оп”, да видиме на папир. Јас во ДИК сум бил три години, а тоа не се коментира. Јас три пати сум бил во општинска изборна комисија, сум учествувал два патти на претседателски избори. Цел живот ми е посветен на тоа.” – изјавува Даштевски за А1он.
Тој вели дека нема простор да се зборува за одлука со која Никола Груевски, сегашниот бегалец, е прогласен за дискриминиран и со помош на неговата одлука тој доби можност да добие азил во Унгарија.
Според Даштевски најважна е неговата биографија, a не тоа што се случило.
“Дали Груевски бил дискриминисран или не, не е важно за мојот избор во собрание, јас немам врска со таа одлука, таа одлука е со гласање од комисија 5:1 е резултатот, а за да биде валидна треба четворица да гласаат. Мене што ме прават супермен – тоа е глупаво.” – додава Даштевски, за а1он.мк
Даштевски е предлог на ВМРО – ДПМНЕ, за претседател на државна изборна комисија, откако собранието распиша оглас за нов состав.