ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тутунарите утре на нова средба со министерот и откупувачите

January 12, 2021 16:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа утре во Скопје ќе одржи средба со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари, Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители и претставници на откупните компании.

Од Сојузот денеска ги повторија барањата: зголемена динамика на откупот и реална проценка. Но, додаваат и дека бараат пунктовите да бидат отворени и во саботите, како и, ако е потребно, рокот за откуп да се продолжи.

Според Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени 8.550 тони тутун, а просечната цена е 166,5 денари.

– Нашите барања се реални и очекуваме да се прифатат на утрешната средба со откупувачите. Бараме зголемување на динамиката на откупот, реална процена на линијата за откуп. Пунктовите бараме да бидат отворени и во сабота зашто времето изминува, а ако биде потребно Министерството со одлука да го продолжи рокот за откуп од 28  февруари, во почетокот на март. Мора итно да се реши вишокот тутун за компаниите да го преземат. Министерствтово за земјоделство и откупувачите штом се согласија, зошто тоа да не биде сега, да се пуштат картони, а откупувачите со договор која компанија да преземе и колку. Имаме и барање да се преземат околу 450 тони на тутунарите кои имаа договори со компанијата „Далија табак“, која не обезбеди средства и не го почна откупот, вели претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, Менде Стомнароски.

Стомнароски нагласува дека барањата до Министерството, Инспекторатот и откупувачите се доставени навреме, пред една недела, за да може да се разгледаат.

На состанокот утре со министерот ќе бидат и претставници од Иницијативниот одбор на тутунарите.

Според директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, вчера се откупени 640 тони, а досега вкупно 8.550 тони тутун со просечна цена од 166,5 денари.

-Динамиката на откупот е малку зголемена. Вчера се купени 640 тони и досега вкупно се преземени 8 550 тони тутун. Се очекува дека за откуп има преку 15 000 тони. Просечната цена е речиси иста цело време, 166,5 денари за килограм. Ќе видиме што и како ќе се договори на утрешниот состанок, изјави Шапуриќ.

Кај тутунарите пред пунктовите останува недовербата во проценката, па носат тутун и парцијално. Имаат и вишок количества, недоговорени и не знаат што со нив. Сепа, се надвеаат дека состојбата ќе се подобри.

– Со сопругот и со помош на аргати имаме произведено 1,5 тони тутун ама договорени ни се 580 килограми, другиот тутун стои дома и не знам што ќе биде. Процената главно оди трета и четврта класа, ретко втора, не е тоа добро, ама можеби нешто ќе се подобри. ќе видиме, вели Гордана Ангелеска, производител од Прилеп.

-Произведов три тона тутун. Сега донесов за процена 43 картони. Претходно во Битолско однесов и ми помина околу 160 денари. Не се бунам, тој тутун што е за трета или четврта, во ред, ама врвните берби, најквалитетниот тутун да не биде барем втора класа, срамота е, вели Слободан Божиноски, производител од селото Заполжани.

 

/МИА/
Next Post

Трамп првпат се појавува во јавност по насилниот упад во Конгресот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk