ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Што има во Акцискиот план на Софија – Од отворање на кампуси на бугарските универзитети во Македонија, учебници по историја до инвестиции и инфраструктура..

January 12, 2021 18:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Софија има предлози поврзани со железници, автопати и инвестиции на бугарски компании во Северна Македонија. Планот се однесува и на отворање кампуси на бугарските универзитети во Северна Македонија, а исто така се вклучени и учебниците по историја… „Еуроактив“, повикувајќи се на дипломатски извори, јавува за вакви детали од акцискиот план за спроведување на Договорот за добрососедство, подготвен од бугарска страна.

Треба да бидат презентирани и македонските предлози по сектори, иако документот за практична примена на Договорот за добрососедството допрва треба да биде одобрен од двете земји, појаснуваат изворите на „Еуроактив“.

„Предложениот акциски план е првиот конструктивен чин на властите во Софија откако вицепремиерот Красимир Каракачанов во септември објави дека ќе биде блокирана европската перспектива на Северна Македонија“, пишува „Еуроактив“.

Софија предложи акциски план за соработка со Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија по средбата на заменик-министерот за надворешни работи Екатерина Захариева во Софија со специјалниот пратеник на Северна Македонија, Владо Бучковски.

Овој документ, кој ги засега сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија.

„За време на состанокот беа разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Беше направен преглед на спроведувањето голем број практични обврски за кои нашата земја смета дека се одложени“, се вели во бугарското соопштение.

Извор: 360 степени

Next Post

Рокот за користење на финансиската поддршка од 6.000 денари продолжен до 31 март

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk