ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска: Укинувањето на сметкопотврдите ќе ја олесни работата на компаниите

Бенефитите од укинувањето на сметкопотврдите ги нагласија и Елизабета Ицева од „Бета консалтинг“ и Ѕвонко Кочовски од „БДО Македонија“, истакнувајќи дека тие се непотребна процедура што го оптоварува работењето.

November 24, 2019 15:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Со измените на Законот за Данок на додадена вредност се укинува сметкопотврдата – документ  со кој се правадаат трошоци и се користи  правото на одбивка. Соопштувајќи ја новината во предлог-измените кои треба да се изгласаат во Собранието, министерката за финансии Нина Ангеловска денеска истакна дека досега се носеле многу олеснителни мерки за да се подобри работата на компаниите, но не и за сметкопотврдите кои се користат уште од времето на поранешна СФРЈ. Во многу развиени земји, па и во регионот, рече таа, овој документ е укинат и веќе не се користи, пренесе МИА.

-Светот брзо се менува и денес зборуваме за електронско сметководство и бесхартиена околина и мора и нашата администрација да го следи тоа за сè повеќе да им го олеснуваме работењето на компаниите. Со укинувањето на сметкопотврдата, која произлегува од измената на Законот за ДДВ, компаниите и физичките лица ќе може да го остваруваат правото на одбивка со приложување фискална сметка за трошоци направени за плаќање во готово или со картичка до 6.000 денари. Со ова се укинува еден процес за кој не знаеме денес дали и зошто е потребен. Исто така, се ослободуваат ресурси, а многу е важно и заштитата на животната средина затоа што ако ги земеме предвид смекопотврдите на сите компании, сигурно се работи за многу исечени дрвја за да се продуцира хартијата, рече Ангеловска.

Бенефитите од укинувањето на сметкопотврдите ги нагласија и Елизабета Ицева од „Бета консалтинг“ и Ѕвонко Кочовски од „БДО Македонија“, истакнувајќи дека тие се непотребна процедура што го оптоварува работењето.

-Со укинувањето на сметкопотврдата се поедноставува постапката бидејќи сега имаме само еден документ за обработка на податоци, а не два идентични. Се штеди време, се штеди простор зашто сите тие документи треба да се чуваат некаде, во посебни услови, се штеди хартија и сето тоа многу ќе ја олесни нашата работа, рече Ицева.

Кочовски додаде дека ќе се подобри администрирањето помеѓу даночните обврзници во самиот промет. – Но ослободувањето на сметкопотврдата не претставува избегнување на обврската за докажување на прометот кај даночните обврзници. Таа обврска за нив останува, но намалувањето на администрирањето и евиденцијата многу ќе го олесни работењето, рече Кочовски.

Министерката Ангеловска додаде дека укинувањето на сметкопотврдите е само една од мерките во, како што рече мозаикот на подобрување на бизнис-околината и намалувањето на административниот товар, посочувајќи дека со измените на Законот за ДДВ е подигнат и прагот од 1 на 2 милиона денари за регистрација на ДДВ-обврзници и дека тоа го пофалила и техничката мисија на ММФ.

На новинарско прашање што очекува од расправата за Предлог-буџетот за 2020 година кој влегува во комисиска расправа во Собранието, Ангеловска одговори дека очекува ефикасна, ефективна и конструктивна дебата која, како што рече, пред сè и единствено ќе биде во интерес на граѓаните.

Next Post

Спелеолозите од прилепскиот клуб „Златоврв“ изведоа вежба за спасување деца од пожар

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk