ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска за протестот против групен дом за деца во Визбегово : Навистина сум разочарана што во општеството сѐ уште се соочуваме со предрасуди

Хелсиншки: Никој нема право да ги дискриминира децата и најранливите

November 24, 2019 16:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги поздравува напорите на Министерството за труд и социјална политика за реализација на заложбата да се деинституционализираат сите деца кои се сместени во нехумани услови и изолирана средина. Комитетот го поддржува доследното спроведување на реформата, која е започната уште пред петнаесетина години. Декларацијата за правото на детето и Конвенцијата за правото на детето, како и домашните закони кои ја регулираат детската заштита ги обврзуваат државните институции преку нивните мерки да се грижат за најдобрите интереси на детето. Но, грижата за нив, особено за оние кои се најзагрозени, е обврска на целото општество, велат од Хелсиншки комитет.

„Воспитно-социјалните проблеми на децата, кои од домот ,,Ранка Милановиќ’’ се преместуваат во мали групни домови, се производ на негрижа, насилство и занемарување со кое се соочиле уште на самиот почеток на нивниот живот. Тие деца заслужуваат шанса и поддршка за да растат и да се развиваат како останатите деца, а не дополнително да се стигматизираат и да се одвојуваат од општеството. Притоа, нагласуваме дека големите институции се надминат концепт за згрижување, кој има сериозни негативни ефекти врз развојот на децата и нивното оформување во возрасни личности. Апелираме до жителите на Визбегово да покажат емпатија, разбирање и прифаќање за децата кои се селат во нивната околина, во дом кој не е институција и кој наликува на семејна средина, а што е суштински предуслов за нивна социјализација и напредок. Со оглед на фактот што станува збор за мал групен дом, каде што би се сместиле најмногу три деца со константен надзор од воспитувачи, сметаме дека реакциите на граѓаните се неосновани и предимензионирани, а изјавите од типот ,,инјектирање на страно тело’’ се целосно неприфатливи и срамни. Никој нема право да ги дискриминира децата и најранливите“, нагласуваат од Хелсиншки.

Претходно, група населени во Визбегово реагираа на ваквата одлука на МТСП и ја повикаа Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, да отстапи од ваквата одлука. Денеска по тој повод се одржа и мал протест.

Жителите на Визбегово се жалат дека во вечерните часови децата се шетаат по куќите и прават проблеми. Додаваат дека постојано им бараат цигари и алкохол, а правеле штета и врз недвижниот имот. Директорката на домот ги отфрла овие наводи на мештаните и вели дека три деца се згрижени во домот и не прават проблеми. Таа додава дека досега нема ниту една пријава кај нив, ниту во МВР за некакви проблеми направени од децата.

Трите деца утрово беа префрлени во друг дом, но повторно ќе бидат вратени.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во однос на протестот на дел од жителите во Визбегово изјави дека е „навистина разочарана што во општеството сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца“.

„Истовремено сум силно мотивирана да го завршиме процесот на деинституционализација, бидејќи наша заложба е да се грижиме за секое едно дете. Трите деца сместени во малиот групен дом во Визбегово за првпат добиваат топол дом и 24 часовна грижа од стручни лица. Да не заборавиме дека позади синтагмата „социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение“ се крие дете со тежок, несреќен почеток во животот. Должност е на државата, но и на целото општество, на секој од нас да направиме сѐ за да ги поддржиме да се развијат во идни активни, продуктивни и среќни млади луѓе“, вели Царовска во својата реакција.

Се надевам, продолжи таа, дека разумот ќе преовлада и ќе се обединеме во заедничката цел – да обезбедиме топол дом и подобри услови за раст и развој за секое дете.

И.Т.З.

Next Post

Спасовски: Наша битка е да се избориме против криминалот и корупцијата

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk