ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ХЕРA, МЗ и ФЗО: Жените и девојките од руралните средини полесно до матичен гинеколог

January 14, 2021 16:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за здравство, ФЗО РСМ, здружението ХЕРА и Центарот за семејна медицина ќе реализираат уште една реформа во примарната здравствена заштита. Станува збор за проект кој ХЕРА го доби од амбасадата на Јапонија, како поддршка на јапонскиот народ, а се однесува на пристапот до матичен гинеколог во регионите каде воопшто нема таков семеен лекар или нивиниот број е многу мал.

На денешниот состанок на министерот за здравство д-р Венко Филипче, д-р Катарина Ставриќ од Центарот за семејна медицина, Бојан Јовановски и Весна Матевска од ХЕРА и Љатифа Шиковска, се зборуваше за начинот на реализација на проектот како и целта на истиот. Овој проект е за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје за сите со посебен акцент на девојките и жените од руралните подрачја, од ромските заедници и девојките и жени со телесна попреченост кои имаат ограничен пристап до јавните здравствени установи.

Проектот ќе се спроведува во 10 градови во државата: Македонски Брод, Пробиштип, Крушево, Радовиш, Демир Хисар, Кратово, Делчево, Штип, Крива Паланка и Ресен. Преку проектот предвидено е да се формира консултативната работна група за сексуално и репродуктивно здравје, која заедно со национален и интернационален консултант ќе развие 5 годишен национален план за имплементација на вакви услуги од страна на семејни лекари.

Дополнително предвидено е да се подготви акредитирана наставна програма (теорија и пракса) за зајакнување на знаењата и вештините на семејните лекари за давање на услуги од областа на сексуалното и репродуктивно здравје, едукативно информативни материјали за теренски активности и промоција на услугите помеѓу населението. Значајно е што има и компонента која се однесува на набавка на опрема за давање на здравствени услуги и конртацепција за потребите на семејните лекари, согласно потребите од спроведено мапирање на семејни матични лекари кои обезбедуваат услуги за сексуално и репродуктивно здравје во 10 здравствени региони во Северна Македонија.

Министерот за здравство ја поздрави идејата и посочи дека со ваквите проекти се олеснува и пристапот на граѓаните до јавните здравствени установи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Акциите паѓаат, цената на нафтата со најголем еднодневен скок од 2022 откако Израел го нападна Иран

June 13, 2025

Во Прилеп завршува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

June 13, 2025

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk