ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Трајанов: Јанева и обвинителите дебело навлеге во криминал, да ги вратат парите

Бонусите, посочи тој, треба да бидат предмет на обвинителска истрага ако се постапувало надвор од уставот и од постојните закони. Според него, не може  претседател на Влада или на држава да прима легална плата од 1.000 или 1.200 евра, а специјален јавен обвинител, обичен обвинител или помошник на специјалниот јавен обвинител да прима 5.000 или 6.000 евра плата.

November 24, 2019 17:24
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Освен за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за која се води истрага и веќе е пред судење и за сите други јавни обвинители, кои примале паушали, бонуси, што е надвор од нашиот систем и од кој било стандарди, прописи, треба да се поведе истрага. Повеќе од јасно е дека сите тие што примиле пари, а знаеле дека работат надвор од општите правила, стандарди, за тоа треба да понесат и законска, политичка и друг вид одговорност, истакна денеска претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Бонусите, посочи тој, треба да бидат предмет на обвинителска истрага ако се постапувало надвор од уставот и од постојните закони. Според него, не може  претседател на Влада или на држава да прима легална плата од 1.000 или 1.200 евра, а специјален јавен обвинител, обичен обвинител или помошник на специјалниот јавен обвинител да прима 5.000 или 6.000 евра плата.

– Тоа граѓаните не го поддржуваат, затоа што и тие пари се малку, ако им дадеме повеќе тие ќе бараат да имаат јахти, да купат приватни авиони… Значи треба да бидат луѓе со висок професионален стручен интегритет за да работат во интерес на државата, на граѓаните. Не е можно ниту Катица Јанева, ниту кој било од тие јавни обвинители кои работеле со нив, и натаму да продолжат да бидат јавни обвинители, затоа што дебело навлегле во корупција, во криминал, без оглед дали таа ја покривале со некави интерни правилници, одредби од законот. Тоа е неприфатливо и треба да понесат одговорност – рече Трајанов, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на трибината на Демократскиот сојуз насловена „Македонија на крстопат“.

Тој појасни дека ЕУ, САД и сите политички партии во државава дале голема поддршка на формирањето на Специјалното јавно обвинителство.

– Тогаш јас во Парламентот имав резерва кон ова Специјално јавно обвинителство, дека е надвор од уставниот систем, од јавно обвинителската функција, меѓутоа сите поддржавме со единствена намера да се справи со тешките облици на криминал. Наместо тоа да го направи ова Обвинителство длабоко навлезе во криминалот, во рекетот и затоа мислам дека треба да се направи стручна анализа, експертиза како функционирало Специјалното јавно обвинителство и како и на кој начин вршело влијание, селектирало случаи или креирале случаи со цел да се рекетираат познати бизнисмени – истакна Трајанов.

На прашање дали обвинителите од СЈО од морален аспект треба да ги вратат тие бонуси, како што тоа го направија од ДИК, Трајанов рече дека „сигурно тука е тој елемент – тој што се стекнал на најлегален начин со капитал, треба да го врати, тоа е конфискацијата на имот и дали тоа ќе го изведеме до крај“. За мене, посочи тој, е битно владејачките партии и Владата, да се заложат институциите да проработат самостојно и во овој случај.

– „Рекет“ е само еден пример како и на кој начин се ширел октоподот во Република Македонија. „Рекет“ како случај треба и натаму да биде предмет на анализа. Секој кој е вклучен во овој случај „Рекет“ треба да понесе одговорност. Овој случај докрај треба да се расчисти – додаде Трајанов.

Next Post

ЦИВИЛ одржа прес конференција за 20-годишнината од основањето, Фестивалот на слободата, бонусите во СЈО, правдата...

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk