ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трет и последен ден расправа за Предлог-законот за попис, се очекува гласање до крајот на денот

January 15, 2021 15:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието трет ден се води расправа за Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија. И третиот ден од расправата, како и претходните два дена, измина со спротивставените ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, главно околу тоа дали на земјава токму оваа година и е потребен попис и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.

Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да спречи одржување на попис согласно меѓународните стандарди и практики.

– Целосно е нејасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се противат за законот, освен ако целта не им е намерно да го проблематизираат одржувањето на пописот со цел државата и натаму да нема податоци кои се важни за креирање на среднорочни и долгорочни политики и стратегии, рече Тасевска.

Таа потенцира дека државата веќе 19 години е без попис, а последниот попис во 2011 година не успеал токму поради „неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Денес оваа партија повторно ја политизира оваа важна статистичка операција. Во Собранието, пред нас пратениците е законот за попис на населението, закон со кој се отвора простор оваа пролет да спроведеме попис согласно меѓународните стандарди, согласно прописите на Евростат. СДСМ има договор со граѓаните да спроведе попис кој ќе обезбеди точни и релевантни податоци, нагласи Тасевска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски рече дека се работи за лош закон, кој остава простор за манипулација и е контрадикторен.

– Трет ден апелираме овој закон да се повлече, да се даде на доработка, за да донесеме еден издржан закон за попис, кој ќе биде донесен со широк општествен консензус, истакна Велјановски.

Пратеничката на ДУИ Арта Биљали-Зендели рече дека законот е подготвен со почитување на меѓународните стандарди и врз основа на препораките на ОН. Таа истакна дека во развиените држави граѓаните се повикуваат да учествуваат во пописот, а не на бојкот.

– Граѓаните треба да бидат вклучени во процесот на пописот, а не да се повикуваат на бојкот пред да почне тој. Според регулативата 763/2008, периодичните податоци на граѓаните се релевантни и битни за развојните програми, рече Биљали-Зендели.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи и на пратеничката Биљали-Зендели, истакнаа дека не повикуваат на бојкот, туку бараат повлекување на законот и негова доработка. Тие тврдат дека со пописот ќе се попишуваат граѓани кои не живеат во државата, а со тоа, според нив, ќе се дадат погрешни резултати, со што погрешно ќе се планираат и распределуваат инвестициите за развојот на различните региони.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и даде пауза до 15 и 30 часот. Тој рече дека расправата ќе продолжи до исцрпување на дебатата. За говор се пријавени уште осум дискутанти и се очекува до крајот на денов пратениците да гласаат за усвојување на Законот.

 

/МИА/
Next Post

Граѓаните кои располагаат со готовина која не e влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10% данок, најави Заев

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk