Целата холандска влада предводена од премиерот Марк Руте поднесе денеска оставка, преземајќи политичка одговорност за скандалот поврзан со истрагата околу исплаќањето на детскиот додаток на повеќе од 20 000 родители, кои погрешни биле етикетирани за измамници.
Семејствата претрпеле „невидена неправда“, – изјави Руте.
Многу од нив се со мигрантско потекло и стотици имале финансиски проблеми.
Руте подоцна ќе ја предаде оставката oд целата влада на кралот, јавуваат медиумите.
Таа одлука доаѓа во чувствително време во борбата против пандемијата на ковид-19.
Земјата е затворена, а министрите размислуваат за уште построги мерки за борба против инфекцијата. Владата на Руте се очекува да ја води земјата до парламентарните избори во март.
Ова не е прв пат холандската влада да се повлече од функцијата во знак на колективна одговорност. Во 2002 година, кабинетот поднесе оставка откако медиумите ги критикувале министрите и војската дека не успеале да го спречат масакрот врз Бошњаците во Сребреница во 1995 година за време на војната во БиХ.