ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ кон опозицијата: Вашата кампања може да доведе до помалку попишани граѓани или помалку Македонци во проценти, ако тоа ви целта, нека ви служи на чест

January 15, 2021 21:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пописот ни е повеќе од потебен и треба да се спроведе час поскоро, рече министерот за правда Бојан Маричиќ попладнево, по тридневната расправа по Предлог-законот за попис на населението, по кој по 19 години земјава, оваа годинава треба да ја изврши оваа статистичка операција. По Предлог – законот ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое ќе биде дополнително закажано.

– Пописот ќе влее доверба кај сите граѓани и наместо да повикувате на кочници, треба заедно да излеземе и заедно да ги повикаме граѓаните да се попишат. Вашата кампања може да има ефект само да има помалку попишани граѓани или само помалку Македонци во проценти. Ако тоа ви е целта, некави служи на чест. Бојкотот и блокадите не се решение. Граѓаните сакаат да видат функционалност на институциите, а не бескрајни политички говори. Во однос на одлагањето, знаеме дека ќе се случат пописи и во Романија и во Србија и во други држави, особено во оние земји во кои нема да се прават теренски активности. Меѓутоа препораката на Евростат за одлагање е тој да се одложи во текот на 2021 година, а не наредната година. Врзаниот потпис тоа повеќе гледајте го како еден вид на гаранција отколку како на било што друго, рече Маричиќ.

Во обраќањето пред завршувањето на расправата, министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека државата и системот се подготвени за попис, бидејќи, како што рече, речиси 20 години таква операција не е спроведена, а е од исклучителна важност за развојот на државата. Доказ за подготвеноста рече, е и извештајот на Европската Комисија, во кој се нотирал добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението, како и тестирањето на новата методологија.

-Комисијата смета и дека има подобрувања во сите статистички области и усогласување на секторските статистики со стандардите на ЕУ. По ова, сомнежи за тоа како ќе се спроведе пописот има само уште кај опозицијата, која бара начин тој да биде одложен. Најавата дека ќе се собираат потписи да се спречи одржувањето на пописот е само продолжение на напорите да се опструира развојот на државата, а повикот за бојкот е бизарен. Не може да се бојкотира нешто што е обврска, рече Маричиќ.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека насила се „турка“ попис, а тие како политички субјект биле игнорирани од власта по ова прашање.

-Сакам да ве потсетам дека разговорите со опозицијата за пописот започнаа уште во 2019 година. Токму ВМРО-ДПМНЕ реши да се повлече од нив. Последните предлози кои ги добивме, за кои беше информирана и јавноста или беа небулозни или беа непотребни и неостварливи во вакви кратки временски рокови. Да имаше барем еден конструктивен предлог, за кои статистичарите, односно Државниот завод за статистка ќе кажеше дека е добар, ние ќе го прифатевме и ќе го вметнеме во текстот на законот. За жал таков не добивме, рече министерот.

Едно од барањата рече, било и барањето повтoрно да има Државна пописна комисија, што, според него, е политичко тело и една од причините зошто пропаднало попишувањето во 2011.

-Сепак, добивме креативни идеи како да се блокира целиот процес … најверојатно да не испадне дека оваа Влада е способна да направи нешто што на нив не им успеа, а тоа е да организира модерна статистичка операција по сите највисоки светски и стандарди на ЕУРОСТАТ. Многу пати имам досега кажано дека пописот неместо тешко политичко прашање, треба да биде стручна статистичка операција. Гледам опозицијата овие денови ја преземаа истата терминологија и наратив, но едно од вашите барања колеги беше повтoрно да има Државна пописна комисија, што е политичко тело и една од причините зошто пропадна попишувањето во 2011. Велите политиката надвор од пописот, ама политичко тело да учествува во спроведувањето на истиот, рече Маричиќ.

Next Post

Се отвораат продавниците во Грција, останува забраната за движење и полицискиот час

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk