ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во НАТО нема снаоѓање, досега реветингот не го поминаа две лица, вели Пендаровски

January 16, 2021 10:24
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од половина од лицата кои се подложени на реветинг процесот, кој се спроведува согласно НАТО стандардите за сите оние кои имаат допир со НАТО класифицирани информации досега го поминале тестот. Процесот се уште трае, на проверки се подложени околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони. Досега само за двајца има негативни оценки, меѓу нив е и нашиот кандидат за воен претставник во НАТО.

Ова во интерју за МИА го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, кој формално бил првиот кој бил ставен на проверка и пред неколку месеци добил НАТО сертификат за допир со класифицирани информации.

Сите функционери, но и сите вработени чии работни обврски подразбираат работа со НАТО класифицирани информации треба да поседуваат НАТО безбедносен сертификат. Како земја партнер Северна Македонија и порано разменуваше класифицирани информации со НАТО и одреден број функционери и вработени и порано имаа пристап до НАТО сетификати, но само до определен степен на тајност. До пред официјалниот влез сите функционери кои имаа контакт со класифицирани информации беше потребен т.н. национален сертификат за пристап до нив, но, од март лани е неопходен НАТО сертификат за пристап до класифицирани информации.

Четири се степените на тајност на информациите, а највисокиот топ сикрет се очекува да го има само државниот врз – претседателот, премиерот, министерката за одбрана, началникот на Генералштабот.

– До овој момент можам да ви кажам грубо некои бројки, неколку збора околу статистиката затоа што слушам различни шпекулации и најголемиот број од нив не се точни. Делумно затоа што тоа е многу сензитивен процес и вистинските бројки, прецизни, а не па имиња и презимиња веројатно никогаш нема да излезат во јавност бидејќи не треба да излезат во јавност. Меѓутоа, станува збор за проверките што досега се прават за околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони и досега проверката е завршена за повеќе од половина од таа бројка – позитивно. Значи, повеќе од половина, вели Пендаровски.

Досега се одбиени две барања, очекува дека ќе бидат одбиени и други, но, како што нагласи смета дека таа бројка нема да надмине 15 лица.

– До овој момент имаме само две, вие барате да добиете сертификат, а тоа формално правно е барањето ви е одбиено. Значи, имаме само две негативни барања, две лица се одбиени. Едниот е веќе познат во јавноста, а нашиот кандидат што требаше да биде главен воен претставник во Алијансата во седиштето во НАТО и второто лице сè уште не е познато во јавноста, меѓутоа не би сакал да шпекулирам, не е од сферата на политиката за кој интересот во јавноста е најголем. Меѓутоа, имаме досега многу мал број одбиени луѓе. Само двајца формално до овој момент. Можеби ќе има уште неколку, меѓутоа јас не очекувам дека тие ќе бидат повеќе од дузина, 10-15 максимум, нагласува претседателот во интервјуто за МИА.

Оваа проверка се врши од 27 март, откако Северна Македонија и официјално стана земја-членка и се спроведува по две основи.

– Проверуваат по две основи. Едната е дали имате контакти со тие ги нарекуваат малигни државни, ентитети и поединци, преведено во наш јазик дали имате некакви сознанија за тоа и тоа лице дека евентуално е блиску до некои шпионски канали или комуникации, а втората е висока корупција. И кога ги прашував луѓето од НАТО зошто висока корупција, тоа би требало да биде надвор од оваа организација, која се бави со безбедност и со разузнавање, исто така вели ако е некој склон, тоа не се докази повторувам, дека некој е корумпиран или не е доказ дека некој е шпион на друга држава, меѓутоа ако некој е склон, вели, тој збор го употребуваат, ако некој инклинира кон висока корупција може да биде лесна цел и за шпионажа. Значи, тоа се тие две главни основи, по кои тие ги проверуваат. Нè проверуваат сите нас, нагласува шефот на државата.

Претседателот вели дека оваа проверка не познава партија, во неа не важи – ако некој е од спротивниот политички табор е криминалец, ако е од твоите се снашол. Додава во НАТО нема снаоѓање.

Реветингот го водат домашните органи, кај нас формално тоа го спроведува Дирекција за безбедност на класифицирани информации, а вклучени се сите други агенции, разузнавачки, контраразузнавачки, кои даваат свое мислење.

-Меѓутоа импутот од НАТО, однадвор, значи формално правно ние го водиме целиот процес, секаде било така, меѓутоа импутот од НАТО, бидејќи е огромна организација, во која членуваат најсилните разузнавачки системи, најсилните армии, најмоќните држави, импутот е сериозен, додава тој.

Во процесот се вклучени тројца или четворица неформални советници на НАТО, кои го мониторираат реветингот, слично на набљудувачите на ОБСЕ, кои ги следат судските процеси.

-На крајот наш судија во наша постапка домашна ја носи пресудата, меѓутоа ОБСЕ дава извештај и вели беше во согласност со законите, беше во согласност нели со меѓународни стандарди или не беше. Таква е слична улогата консултативна на луѓето од НАТО, кои велат ова е навистина направено по сите нишани или според сите ваши интерни прописи или не е направено. Затоа е поголема одговорноста и свеста додека го правите тој процес, посочува шефот на државата.

Извор: МИА

Next Post

ЦДУ го бира наследникот на Меркел

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk