Инвестициите во капитални проекти значат живот за македонската економија. Во периодот до 2025 година се планираат капитални проекти во вкупен износ од 3,2 милијарди евра. Нашите заложби се насочени кон максимална реализација на капиталните инвестиции со воспоставување нов механизам за следење на нивната реализација, напиша премиерот Зоран Заев на неговите профили на социјалните мрежи.
Клучен капитален проект е Коридорот 8, главната артерија која инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува Црното со Јадранското Море.
Се градат и рехабилитираат магистрални и регионални патишта на територијата на целата држава.
Ова е дел од интревјуто на Капитал, напиша на Фејсбук и Твитер премиерот Заев.