ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зголемен број на работни места во ТИРЗ  во 2020 – презентиран нов развоен концепт

January 16, 2021 16:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дирекцијата за технолошко индустриски зони ги презентираше економските движења во зоните и новиот концепт и развојни планови на ТИРЗ. Анализите покажуваат дека кај компаниите во ТИР зоните има позитивен економски тренд на заздравување од кризата и потенцијал за раст, а регистриран е и зголемен број на вработени.

Во услови на пандемија овие компании го зголемиле бројот на вработени. Во моментов кај нив има вкупно ангажирани 14.067 лица што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година. Според договорите овие компании се обврзани да креираат најмалку 21.379 работни места најдоцна до 2025 година, а досега од тоа се пополнети 66%.

“Наша обврска е да ги следиме роковите за реализација на овие планови, но и да ги поттикнеме побрзо да ги креираат останатите 7300 предвидени работни места во покус рок. Веќе преземавме нови мерки со кои државата им излезе во пресрет на оние кои предвреме ги исполниле обврските и предвеме ја исплативме државната помош. Со овој нов сет мерки целта е искористување на потенцијалот кај веќе присутните инвеститори во земјата и да ги поттикнеме да вложуваат во проширување на своите капацитети,“ изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Дирекцијата развива и посебна мерка со која инвеститорите ќе се поттикнат не само да ја забрзаат динамиката на вработувања, туку и да ги зголемат платите за 30 до 50 проценти до 2024 година, бидејќи тие сега се под државниот просек.

“Не сум задоволен од платите, бидејќи како земја се обидуваме 20 години да донесеме компании кои ќе го зголемат економскиот раст. Ќе инвестираме во  програми и вештини со кои ќе се поттикне раст на платите преку зголемена продуктивност на трудот. Овие мерки се насочени директно кон луѓето, а ќе придонесат кон продуктивност на компаниите “  нагласи Деспотовски.

Бројките покажуваат зголемена економска активност кај компаниите во зоните. По регистриран пад на извозот од 91%  во април, годината ја завршуваат со кумулативен пад на извозот од само 8%, кој е исто така доста понизок од државниот просек. . За целата 2020 година компаниите од ТИРЗ оствариле извоз од 2,6 милијарди евра, додека увозот изнесува 2,2 милијарди евра и има пад од 14 проценти. Ова резултира во позитивен тренд во однос на нето извозот од +17%, односно поголема покриеност на узвозот со извоз во однос претходната година.

Истовремено инвеститорите во зоните до сега имаат и над 86% реализација на плановите за инвестиции, односно до сега се реализирани 305 милиони од предвидените 350 милиони евра според потпишаните договори. Деспотовски најави дека со новиот развоен концепт и мерки оние што побрзо ги реализираат инвестициите побрзо може да очекуваат целосна поддршка од Дирекцијата.

Исто така се развива и целосно нов концепт на организација за aftercare и нов пристап во профилирање на инвеститорите со воведување на принципот на “една влезна точка“,  и подобра инфраструктура. За 2021 се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони кој за првпат е изготвен во соработка со корисниците и според нивните потреби.

Дирекцијата за ТИРЗ предвидува и воведување на нов концепт во привлекувањето и реализацијата на инвестициите. Акцент ќе се стави на инвеститори со повисок квалитет, односно проекти со повисока додадена вредност, што ќе се преслика во поголеми приливи во буџетот, повеќе и повисоко платени работни места, како и поголема соработка и вклучување на домашни компании во глобалните вредносни ланци. Ова вклучува и нов концепт на и профилирање на секој потенцијален инвеститор, што ќе помогне во креирање на индивидуална (tailor made) понуда за државна поддршка за реализација на инвестицијата. Ова, наместо досегашниот систем на ист пакет на поддршка за сите инвеститори.

Извор: fez.gov.mk

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СДСМ: Обезбедуваме вакцини против Ковид за 60 % од населението, ВМРО-ДПМНЕ обезбедува само деструкција и лажни вести

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk