Театар Куманово ги сподели видеата од последниот проект „Бајки од Македонија“, снимки на кои актерите кои се дел од овој театар, читаат приказни за најмладите, но и за за возрасните.
Досега се објавени сите четири видеа , а истите можете да ги погледнете и да им ги пуштите на вашите најмили од Фејсбук страната на Театар Куманово.
Едната бајка „Девојчето и 12-те месеци“ ја чита Александра Михајловска, другата бајка е „Момчето што се скри во златното јаболко“ и ја читаат Влатко Дојчиновски и Нина Максимова, третата е Вејко северко која ја читаат актерите Сања Русеска и Давид Илиќ.
Најновата бајка „Два цара“ е објавена денеска, а истата ја читаат Владанка Димковска и Жарко Јовановиќ. Деновиве треба да биде објавена уште една видео-приказна.
Проектот е реализиран во соработка со ТВ Пулс Куманово и Фото Стил.
Инаку, Театар Куманово пред два дена објави дека кон крајот на јануари ќе има претстави, секако во зависност од епидемиолошката слика и со следење на анти-ковид мерки и протоколи.
„Почитувана наша публико. Наскоро се гледаме во театар. Во зависност од епидемиолошката ситуација кон крајот на јануари ќе имаме претстави на репертоарот.
Ни недостасувате и ќе ве очекуваме во затоплена сала со почитување на сите здравствени протоколи.
Вашата и нашата сигурност ќе биде на прво место
И во такви услови се надеваме дека сите заедно ќе уживаме.
Следете нè. Кон крајот на месецов ќе објавиме која претстава ќе биде на репертоарот.
Слободно напишете ја вашата желба која претстава би сакале да ја гледате.
Ваш театар Куманово!“, пишува во објавата.