Дваесет и деветгодишник од беровското село Будинарци e лишен од слобода откако од својот татко изнудил 10 илјади евра преку лажна изјава за негово киднапирање. Полицијата го товари лицето М. П. (29) за сторено кривично дело „изнуда“.
Во рамки на преземените активности во координација со Јавен обвинител и во соработка со полициски службеници од СВР Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани Љ.П, брат на пријавениот, и М.П, сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.
-Малку подоцна, Д. П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М. П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, при што го признал делото, а предметните парични средства биле пронајдени и вратени на неговиот татко“, стои во соопштението на МВР.
Најавуават дека по целосно комплетирање и документирање на настанот до Основното јавно обвинителство Кочани ќе биде изготвен и доставен поднесок по чл.258 од Кривичниот законик – „изнуда“.