ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законот за попис пред гласање, опозицијата собира потписи да го поништи

January 17, 2021 08:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со успешен попис добиваат граѓаните и државата, порачаа вчера од владејачката СДСМ, а опозициската ВМРО ДПМНЕ повтори дека се подготвува за акција за собирање потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис, за кој завчера во Собранието заврши расправата.

Доста е со неразумни блокади, кочења, поларизација, изјави Стефан Васев од СДСМ, порачувајќи му на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека пописот на пописот не се гласа односно тоа не се избори, туку е статистичка операција.

-По шест изборни порази можеме да разбереме дека Мицкоски има страв од граѓаните, но не треба да се плаши, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција. Доста се неразумни блокади, кочења, полиризација. Успешниот попис Мицкоски може да го смета за уште еден негов пораз, но пописот не се избори таму нема губитници и победници. Со успешен попис, добиваат граѓаните, добива државата, изјави Васев од СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ пак истакнаа дека подготвуваат документи, кои треба да се поднесат до Министерството за правда за да може да се спроведе акцијата за собирање потписи на терен, но, како што рече партискиот портпарол Наум Стоиловски, до тоа може и да не дојде ако власта се повлече од носење ваков закон.

Го повтори ставот на партијата дека законот е без методологија и содржи индиции за политичка, а не статистичка операција. -Таа акција ќе биде спроведена онака како што треба, преку подрачните единици на Министерството за правда, луѓето ќе може да се потпишат во подрачните единици низ градовите, а бројот на потпишани нема да биде нешто за занемарување од страна на владејачкото мнозинство. И целта е тоа, да се повлече овој закон и да се донесе закон кој што ќе значи општествен консензус за статистичка операција – попис поддржана од сите, изјави Стоилковски.

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА порача дека не постои политичка терминологија што користи израз бојкот на пописот.

-Вие може да не ги признаете резултатите, тоа е легитимно, меѓутоа не постои израз ќе ги повикаме граѓаните да го бојкотираат пописот.

– Не би сакал за нечија политичка реторика, не обвинувам никого конкретно, меѓутоа за нечија политичка реторика дека треба не знам какви услови да се исполнат какви што не се исполнети никаде во Европа, на пример, отпечатоци на прсти, за кои јас знам дека премиерот се обиде да направи нешто, меѓутоа му беше кажано од многу меѓународни експерти дека така не се прави попис никаде во Европа, дури ни на Балканот. И особено не е можно да се направи отпечаток на прсти да се земе од малолетници под 18 години. Тоа ни по закон не е дозволено ни по меѓународна пракса. Значи, ако вие се обидувате со одредена реторика да кажете дека ние не сме толку колку што ќе прикаже пописот утре, а затоа имате скриена политичка агенда, тогаш е чесно да го кажете тоа однапред, а не по пописот, вели Пендаровски.

Собранието завчера по три дена ја заврши расправата по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, согласно кој по 19 години земјава годинава треба да ја изврши оваа статистичка операција. По Предлог – законот, како што најави е најавено, ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое ќе биде дополнително закажано.

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќање пред пратениците истакна дека државата и системот се подготвени за попис, бидејќи, како што рече, речиси 20 години таква операција не е спроведена, а е од исклучителна важност за развојот на државата. Доказ за подготвеноста наведе дека е и извештајот на Европската Комисија, во кој се нотирал добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението, како и тестирањето на новата методологија.

Во земјава првиот попис е одржан во 1948 година. Спроведени се осум пописи, а последниот во 2002 година. Во 2011 година почна да се релизира ваква статистичка операција, но, таа беше прекината.

Извор: МИА

Next Post

Акцискиот план во фокусот на разговорите со Софија, ќе се споделат информации и со пратениците

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk