Академијата за боречки спортови и вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола освои шест златните медали на меѓународни турнири кои се одржаа Лангад, Грција, пренесува МИА.
-„ЗА НЕД ДО“ на покана на Грчката федерација за боречки вештини и спортови учествуваше на осмиот Интернационален и 12. Сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови кој се одржа од 23 до 24 ноември 2019 година. Натпреварувачите повторно манифестираа фантастичен настап па се вратија со дури шест златни медали што е потврда за напорното работење и големата посветеност и професионалност на академијата, соопштија од битолскиот клуб.
На натпреварите учествуваа над 1.000 натпреварувачи.