ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Попова Шапка со урбанистички план од 1980 година, активистите бараат општината да се ангажира

January 18, 2021 14:56
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Туристичкиот центар „Попова Шапка“ сè уште нема детален урбанистички план, иако тоа според Хамди Сулемани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ е клучно за овој туристички центар. Во интервју за Порталб.мк, претседателот на Советот на општина Тетово, Беким Мемети, вели оти е оптимист дека оваа работа ќе биде завршена во текот на годинава. Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека последен пат ДУП за Попова Шапка примиле во 2013 година, пишува Порталб.мк., а пренесува Мета.мк

Според Хамди Сулемани од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ во моментов за Попова Шапка постои Детален урбанистички план усвоен во 1980 година, и нов урбанистички план би ги решил сите инфраструктурни проблеми во овој центар и би го направил поконкурентен.

„Урбанистичките планови се клучот на развојот на една структура или населба и поради тоа, за да се развие Попова Шапка неопходен е урбанистички план со кој ќе се определи инфраструктурата, ќе се третираат и сите други инфраструктурни проблеми, за да се има развиен, убав центар, што ќе биде конкурентен со центрите во регионот“, вели Хамди Сулемани.

Според него, добар урбанистички план за Попова Шапка би ставил крај еднаш засекогаш на градежната инвазија и, како вели тој, урбанистичкото уништување е нешто што може да се поништи само со уривање на бесправните градби.

„Деталниот урбанистички план ќе стави крај на градежната инвазија, ќе го спречи и урбанистичкото уништување, што не е можно да се поништи освен со уривање на бесправните градби, а од комуналните такси за новите градби, општинската каса ќе наплаќа средства“, додаде Сулемани.

Што велат надлежните?

Општина Тетово повторно ја започна пропаднатата постапка од 2013 година за усвојување на Детален урбанистички план за Попова Шапка, но овој обид имаше уште полоша судбина од планот од 2013 година, бидејќи не помина во јавната расправа во 2019 година.

Според Беким Мемети, претседателот на Советот на општина Тетово, во моментов, постапката за Деталниот урбанистички план (ДУП) е во тек и сите жалби на граѓаните се разгледани, а после потпишувањето од страна на изготвувачот на планот, Мемети вели дека ДУП-от повторно ќе се даде на јавна расправа и ќе се изврши целата постапка.

„Што се однесува до ДУП-от за Попова Шапка, постапката е во тек. Во моментов, завршена е постапката на одговори на жалбите доставени од страна на граѓаните. Во меѓувреме, повикан е и изготвувачот на планот, кој треба да ги потпише одговорите, што ќе се случи во текот на овие денови. После тоа, ДУП-от ќе биде повторно јавно објавен, ќе се повтори како постапка, со сите жалби внесени во него, а доколку нема, тогаш ќе биде обработен во другите институции. Верувам дека во текот на овие месеци или во текот на оваа година треба да се заврши како постапка“, рече Беким Мемети за Порталб.мк.

На прашањето дали градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, ќе успее во текот на преостанатите осум месеци од мандатот да обезбеди ДУП за Попова Шапка, Мемети вели оти е оптимист дека ова ќе се случи, иако не е сигурен.

„Што се однесува до тоа дали ќе има или не, не зависи целосно од нас, вклучени се повеќе институции и кога предметите се префрлуваат од една институција во друга, тоа значи дека е потребно време, но јас сум оптимист по природа и мислам дека ќе се заврши и оваа работа“, додава Бeким Мемети.

Од Министерството за транспорт и врски за Порталб.мк потврдија дека последниот пат кога на нивна адреса пристигнал некаков Детален урбанистички план за Попова Шапка било во 2013 година и тој сè уште не е усвоен.

„Ве информираме дека во 2013 година започнала подготовка на документацијата за изработка на Деталниот урбанистички план за Попова Шапка. Од Министерството за транспорт и врски не е донесена документацијата на урбанистичкиот план поради тоа што, согласно тогашниот закон, недостасувала потребната документација“, рекоа од Министерството за транспорт и врски.

Што се однесува до донесувањето нов ДУП за Попова Шапка, од овој ресор потенцираа дека ќе биде потребно да се вклучат неколку други релевантни институции.

„Оттогаш, Законот за урбанистичко планирање е два пати изменет, за евентуално продолжување на некоја нова постапка за тој дел, ќе биде потребна проценка на релевантните институции, меѓу кои и Министерството за животна средина и локалната самоуправа во Тетово“, изјавија од Министерството за транспорт и врски.

Инаку, во 2019 година, Општина Тетово на јавна дебата претстави нов ДУП за Попова Шапка, меѓутоа, имаше многубројни критики од граѓаните и цивилното општество и тој не помина на јавната расправа. Иста беше судбината на ДУП-от и пред осум години – и тогаш не беше усвоен и постапката остана на половина.

Next Post

Собранието не може да одржи седница поради неприсуство на опозицијата и нивните изговори

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk