ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Заев – веднаш по изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политички основи, петтиот сет антикризни мерки најдоцна до првата недела од февруари

January 18, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За деталите од размената на идеи меѓу работните групи и  министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, за нонпејперот, нашето последно размислување кон соседната земја, но и нивната реакција која следеше како одоговор на нашиот Акциски план веројатно ќе бидат информирани пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика, рече Заев. Процесот на официјални преговори заврши, јас  верувам дека следува процес на реализација на Акцискиот план, а веднаш по изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политички основи, затоа што секогаш пред избори навистина е нерационално и невнимателно да се преговара за политички теми, додаде.

Кога ќе се поминат границите неколкупати да сте келеветени, да сте навредувани, пред се на лични чувства, а после тоа дури и на политичката  функција која што ја извршувате еден ден треба да кажете стоп и да поднесете тужби, само така можеме во државата да одмериме до каде е дозволиво газењето на чувствата на граѓаните, вклучително и на мене како претседател на Владата, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Граѓанскиот суд по рочиште со новинарот Зоран Божиновски.

Градоначалниците да не ми изиграваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, порача премиерот Зоран Заев откако беше запрашан од новинарите како ќе реагира на обвинувањата на вработени во општина Лозово кои се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

Министерството за економија и годинава ќе реализира неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и домаќинствата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

И оваа година државата ќе продолжи да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи во домашните туристички капацитети, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Според Бектеши, поддршката ќе изнесува 12.000 денари по апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина од годинава. Доделување на ваучерите ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Кон крајот на овој месец или најдоцна во првата недела од февруари Владата ќе излезе со петтиот сет антикризни мерки, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Министерот оцени дека досегашните четири пакети го даддоа очекуваниот резултат, и во делот на зголемување на ликвидноата на компаниите и во делот на зачувување на работните места.

Од денеска, во СДСМ започнува постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член. Согласно точно одредена процедура и рокови за реализација на постапката која ќе трае до 25 февруари, се обрати генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Животот на една жена муслиманка, денес е многу погрешно сфатен од повеќето, и често ги води во заблуда оние кои не се припадници на исламот. Муслиманските жени не се „жртви“ или „поданици“. Тие се многу повеќе од шамии, бурки, кодекси на облекување и потенцијални жени за оние кои бараат сопруга.Имаат духовни, интелектуални, економски, социјални и сексуални права, како и секој човек!

М. М.

Next Post

Филипче: Веднаш почнавме разговори со Лончар околу техничките детали и времето на испорака на вакцините од Србија

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk