На својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев упати честитки до новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.
Премиерот Зоран Заев им посака мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат, и упати верба дека Македонија и САД ќе ги продлабочат своите сојузништва.
“На претседателот на САД, Џо Бајден и на потпретседателката, Камала Харис им го честитам стапувањето на должност и им посакувам мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат. Мандат во кој сум сигурен дека американската демократија ќе биде глобален пример што инспирира.
Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу Северна Македонија и САД , како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани.” – истакна во својата честитка премиерот Зоран Заев.