ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Здруженија на граѓани в среда на протест, се бара итен избор и именување на кадар во повеќе институции

Станува збор за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ДЗЛП, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, ДЗР, програмски совет на МРТВ, Советот на ААВМУ, Судскиот совет...

November 25, 2019 14:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во среда 27.11.2019 година во 10 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија (влезот од страната на Дом на АРМ), десет мрежи на здруженија на граѓани ќе одржат прес конференција на која ќе повикаат на итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Изборот и именувањето на повеќе тела е закочен во Комисија за прашања на изборите и именувањата, со што овие институции не можат да ги исполнуваат своите надлежности, да ги спроведуваат реформите во своите области и соодветно да ги промовираат и заштитуваат правата на граѓаните, да ја мониторираат работата на извршната власт и да ги спроведуваат новите законски решенија, се вели во Фејсбук најавата на здруженијата.

„Се работи за институции кои се од исклучителна важност за демократизацијата на нашето општество како: Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државниот завод за ревизија, програмски совет на МРТВ, Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Судскиот совет на Република Северна Македонија и надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата при Народниот правобранител.  Сметаме дека функционалноста на овие институции е од заеднички интерес на сите граѓани и здруженија на граѓани“, се наведува во најавата за настанот.

Позади оваа иницијатива стојат десет мрежи на здруженија на граѓани кои заедно обединуваат околу 100 здруженија и иницијативи кои активно работат на унапредувањето и заштитата на човековите права:

Мрежа за заштита од дискриминација
Платформа за борба против корупцијата
Блупринт група за реформи во правосудство
Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата
Платформа за родова еднаквост
Мрежа 23
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство- Глас против насилство
Мрежа за застапување на интересите на Ромите
Македонска платформа против сиромаштија
Платформа за одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка за ХИВ

Next Post

Заев: Државниот јавен обвинител може да побара и да соопшти како се делеле бонусите во СЈО

Најново

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

Герасимовски: Во понеделник со музика и сеќавања го чествуваме роденденот на големиот Горан Стефановски

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk