ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Сосотојбата во градинките е стабилна, се бара можност за зголемување на бројот на деца кои се згрижуваат во јасли

January 21, 2021 13:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска истакна дека состојбата во градинките е стабилна и дека се следи на дневно ниво. Последниот извештај покажал дека има само 20 позитивни случаи на позитивни на корона-вирусот од воспитувачите, негувателите и другите вработени, но не и на позитивни деца. Поради ваквите состојби, некои од градинките побарале зголемување на бројот на деца што можат да се згрижат особено во групите јасли за деца од 0 до 2 години, но за такво нешто, како што рече министерката ќе треба да одлучи Комисијата за заразни болести.

-Ние како дел од кризниот штаб секој понеделник поднесуваме извештај до владиниот кризен штаб во врска со состојбата за позитивни на коронавирус, како воспитувачи и негуватели така и за број на дечиња. Последниот извештај говори дека пандемијата е сведена на минумим што се однесува на објектите за сместување на деца во предучилишна возраст, односно во градинките и во дневните центри. Поледната бројка беше дека има 20 позитивни воспитувачи односно вработени, а немаше деца позитивни на коронавирус, рече министерката.

Со оглед на тоа што пандемијата во моментов стивнува, како што информира таа дел од градинките во земјава поднеле барање за зголемување на капацитетот, пред се во групите јасли, каде се згрижени деца од 0 до 2 години.

-Ние денеска писмено се обраќаме до Комисијата за заразни болести, затоа што сепак тие се најкомпетентни, го следат текот на болеста, не само на локално, регионално, туку и на светско ниво и од нив очекуваме одлука дали ќе има зголемување на опфатот на деца во групите јасли, но не и за другите, појасни Шахпаска.

Таа потенцира дека ваквата состојба во градинките упатува на констатацијата дека пандемијата не се шири внатре во нив и оти случаите кои се регистрирани се заразиле надвор.

 

/МИА/
Next Post

Пендаровски го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk