ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕСМ произведува доволно струја, има и за извоз

November 25, 2019 17:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
ЕСМ со своите производствени капацитети во моментов гарантираат сигурно и стабилно производство на електрична енергија.

– Компанијата успеа со сите дополнителни анализи и резултатите кои ги имаме од претходниот период да направи цена на електричната енергија од 34,5 евра по мегават час која ќе ја понудиме на универзалниот снабдувач. Тоа значи дека ќе нема зголемување на цената за крајните потрошувачи, односно за граѓаните – порача денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.
Тој заедно со менаџментот на компанијата денеска беше на средба со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на која тема на разговор беа повеќе прашања поврзани со обврските на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) во однос на снабдувањето на универзалниот снабдувач со електрична енергија.
-Бевме информирани дека АД ЕСМ 100 проценти ќе ги задоволува потребите на малите потрошувачи и домаќинствата и тоа по разумна цена, а не 75 проценти како што беше предвидено со Законот за енергетика во 2018-та и во 2019 година –  изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на паузата од средбата во РКЕ.
Разговарале и за новите предизвици во наредниот период во однос на обврските што ги има ЕСМ за обезбедување на системски услуги, на системски резерви и на баланс на енергија што ќе почне да се применува од 1 јануари при што набавката и пресметките ќе бидат на пазарна основа.
Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски посочи дека на средбата ја информирале РКЕ за состојбите на производствените капацитети на ЕСМ и за инвестициските активности пред грејната сезона, а станало збор и за понатамошните активности на компанијата во делот на продажбата на електричната енергија, односно трејдингот.
-Нашата компанија веќе има своја фирма ќерка која работи трејдинг и сакаме да ја развиеме како снабдувач на енергија на домашниот, но и на регионалниот пазар. Од денешната средба ќе произлезат значителни заклучоци, а поддршката од РКЕ многу ќе ни значи во наредниот период – потенцира Ковачевски.
Претседателот на РКЕ рече дека е во ред ЕСМ да биде поактивен и на пазарот на мало на електрична енергија.
-Како РКЕ имаме обврска да го мониторираме пазарот на мало. Сметаме дека ЕСМ преку своите компании кои веќе ги има формирано и имаат лиценца за трговија со електрична енергија може да се јави на пазарот на мало во нашата држава и на регионалните пазари. Таков е и случајот со државните производни компании во Србија, Хрватска, Словенија, Грција,… Очекуваме дека ова ќе биде додадена вредност на ЕСМ, имајќи  во предвид дека нивните обврски во однос на снабдувањето на малите потрошувачи и домаќинствата ќе се намалуваат поради излегувањето на се повеќе потрошувачи на слободниот пазар, посочи Бислимоски.
Next Post

Хуманитарната аукција на слики на академскиот сликар Павле Кузмановски.

НАЈНОВО

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

October 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Германија и Шпанија ќе играат во финалето на Лигата на нации за жени

October 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Алкараз, загуби од Нори на Мастерсот во Париз

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk