Колку проценти се Албанци, ќе покаже пописот кој се надевам ќе тече на најдобар можен начин, а гаранција за тоа се сите политички партии застапени во Собранието, освен една. Убеден сум и дека граѓаните ќе одговорат на овој предизвик зашто резултатите ни требаат за креирање развојни политики, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Груби истакна дека апсоултно не постои никаков политички договор за некакви бројки меѓу СДСМ и ДУИ или меѓу Ахмети и Заев. Врзаниот потпис, потенцира Груби, воопшто не е политизација на пописот.