ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Практичната баналност на национализмот

January 26, 2021 12:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Со изборот на Насер Зибери за народен правобранител се „испразни“ премиерското место на ДУИ за прв Албанец претседател на владата, во последните 100 дена од мандатот на овој владин кабинет. Зибери, без сомневање, со оглед на своето правно и политичко искуство, ветува да биде одлично решение за правобранителската функција – но, што ќе прави ДУИ со своето изборно ветување кон своите гласачи?

Координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Изет Меџити, саркастично, упатува за тоа „каков е договорот“ да се праша Артан Груби, кого потсмешливо го смета за главниот преговарач со коалиционите партнери во власта за кадровската политика на својата партија. А, сите знаеме дека вистинската адреса за тоа прашање е Али Ахмети, како главен потписник на изборната програмска „меница“ на ДУИ што се приложува како „гаранција“ до избирачите пред секое гласање за тоа кој ќе ја добие довербата за влез во новата влада…

Никој, всушност, не е многу изненаден што ДУИ се премисли околу инсистирањето Зибери да биде последниот-прв премиер во оваа Влада. Уште кога го кандидираа Зибери, хорската реакција во јавноста беше дека се работи за предизборен трик, изборна „фатаморгана“ со која требаше да се збуни гласачкото тело и да се пренасочи „внатре-албанската“ расправа од одговорноста за долгогодишното учество на ДУИ во власта, кон нова националистичка мобилизација во надежите и аспирациите за освојувањето нов мандат со нов, неочекуван „крунски“ услов во новата коалициска власт.

Сите беа свесни за сè – и, сепак, им успеа.

Тоа тогаш, заради ова сега, можеби помалку говори за проблематичниот морално-политички интегритет на ДУИ, отколку за овдешните гласачи кои никогаш не би им простиле на своите политичари ако предизборно, барем во „контролирани“ количини, не ги лажат.

А, не знам кој и дали некој уште памти, пред само шест-седум месеци, колку драматична, со недели, беше постизборната расправа за условот на ДУИ за прв премиер Албанец – од прифаќањето на тој ултиматум, наводно, зависеше дали ДУИ ќе коалицира со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ во новата влада! Бидејќи возвишените македонски етно-умови, во принцип, се згрозуваат од можноста таму-некаков-Албанец да им биде премиер, „патриотите“ го прогласуваа – по којзнае кој пат – Заев за „предавник“ затоа што „подлегнал“ на коалициската уцена на Албанците, на „штета“ на македонските национални „интереси“ и слични бла-бла-бла глупости…

Доказ за тоа дека се глупости е и што тогашната хистерија, вчера пратениците на опозицијата не ја удостоија ни со својот глас против изборот на Зибери во Собранието.

Но, парадоксално, токму фактот што патетичната националистичка приказна со „прв Албанец за премиер“, таа политичка непристојност на која божем инсистираше ДУИ, се потроши прилично банално со изборот на Зибери за правобранител, всушност го „нормализира“, конструктивно го тривијализира некој иден избор токму на Албанец за премиер како ништо посебно драматичен или политички ултимативен проблем. Голема работа, вообичаена политика.

Со тоа се „пацифизира“ уште едно прашање во македонскиот мултиетнички политички модел. Што ли ќе биде следниот предизвик што ќе мора да се совладува, а на кој ќе се сетат овдешните националистички дејци? Еве, пописот е голема инспирација за кревање етно-национални сафри, нема таа драмолетка така лесно да ја преживееме…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Обвинението за импичмент против Трамп доставено до Сенатот, Бајден ја укина забраната за трансродовите лица да служат во армијата, нови истраги…

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk