ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери се сретна со новоименуваниот амбасадор на Катар Јасим Бин Хамад Ал-Тани

January 26, 2021 15:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со новоименуваниот амбасадор на Државата Катар, Јасим Бин Хамад Ал-Тани, биле разменети мислења за досегашната и идна соработка меѓу двете земји, особено на планот на унапредување и интензивирање на билатералната комуникација на сите нивоа, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, претседателот на Собранието изрази надеж дека соработката и односите меѓу двете страни ќе се продлабочуваат во наредниот период, особено економската соработка и во тој контекст, упати апел до бизнис заедницата како и до стопанските комори на двете земји да продолжат со интензивната комуникација и во понатамошниот период.

Џафери ја поздрави и одлуката на Катар од 2017 година за укинување на визниот режим со повеќе од 80 земји, меѓу кои и со Република Северна Македонија, како одлука која ја олеснува комуникацијата на повеќе од 4500 наши граѓани кои живеат и работат во државата Катар.

-Очекувам во наредниот период интензивирање и на парламентарната соработка на сите нивоа,
која ја сметам за многу значајна и планирам во периодот пред нас да упатам покана до мојот колега, Ахмед Ал Махмуд, по завршувањето на пандемиската криза да ја посети Република Северна Македонија, истакна тој.

Новиот амбасадор на Државата Катар, Јасим Бин Хамад Ал-Тани, се заблагодари за средбата како и за можноста за разменување на мислења околу понатамошната соработка и изрази уверување дека за време на неговиот мандат ќе помогне и ќе даде личен голем придонес во интензивирањето и зајакнувањето на соработката, особено на економски план. Тој изрази жалење за моменталниот прекин
на авионската линија со Катар која е предизвикана од корона-пандемијата и го информираше претседателот Џафери дека се работи на планот од месец јуни 2021 година повторно се воспостави директната линија Скопје – Доха – Скопје.

Како што се посочува во соопштението, катарскиот амбасадор, исто така го информираше претседателот Џафери дека во наредниот период очекува да се прецизираат и потпишат сите преостанати осумнаесет билатерални договори кои се планирани и кои ќе овозможат посилна и поинтензивна комуникација за двете страни во повеќе области.

Џафери и Хамад Ал-Тани се согласиле дека меѓусебната комуникација и соработка треба да продолжи да да се интензивира.

 

/МИА/
Next Post

Oд кабинетот нa Николовски: Во врска со случајот со д-р Асани, ДСЗИ постапува според надлежностите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk