Имаме среќа што климата во Македонија е умерена. И покрај тоа, ние тешко ги поднесуваме ладните зими, а ни пречат и жешките лета. Но има места во светот каде температурите навистина се брутални… Со константно ниски температури под нулата, без сончева светлина со месеци, и многу ограничени можности за храна, некои места во светот важат за најстудени и непогодни за живеење, но сепак се населени.
Ојмјакон, Русија
Ова село во Сибирска Русија е оддалечено само неколку стотици километри од Арктичкиот круг. Со население од 500 жители, Ојмјакон се натпреварува за најстуденото место на Земјата со друго село во истиот регион, Верхојанск.
Просечната температура во јануари паѓа до негативни 50 степени Целзиусови. Во 1933 година, најстудената температура некогаш регистрирана за регионот била негативни 67,7 степени Целзиусови. Студот е толку силен што жителите ги паркираат своите автомобили во загреани гаражи за да спречат да се палат моторите. Тие не носат очила бидејќи рамките им се замрзнуваат на лицето. Бидејќи земјоделството е невозможно, локалното население јаде ирваси или риба, па дури и конзумира коцки мраз со крв од коњ заедно со макарони за да се загрее.
Верхојанск, Русија
Ова сибирско село сместено во регионот Јакутија е студено како Ојмјакон. Во зима, единствениот начин да се патува во регионот е возење над замрзнатата река Јана, и во лето, со хеликоптер додека се топи реката. Животот овде не е многу поразличен. Луѓето избираат да хибернираат за време на зимите со тоа што ги загреваат своите домови со централа за греење што работи деноноќно и работи на оган на дрва.
За времето на Советскиот Сојуз, Верхојанск служел како место за егзил за политички затвореници. Денес, во овој регион живеат нивните потомци и ловци на Јакут, кои заедно сочинуваат 1.300 жители на Верхојанск.
Јакутск, Република Саха, Русија
Јакутск е главен град на Република Саха во Русија. Тоj е сведок на некои од најтешките зими кои над 200 000 луѓе ги преживуваат секоја година. Во јануари, температурата се движи од минус 38 до минус 41 степени Целзиусови.
Сместен на само неколку стотици километри од Арктичкиот круг, Јакутск влегува во зимската сезона пред повеќето други градови во светот. Неговата субарктичка клима ги прави зимите исклучително сурови и тешки.
Восток, Антарктик
Восток се наоѓа на околу 1.000 километри од Јужниот пол, и има население од научници кои работат во најизолираната истражувачка станица во светот. Восток е најсувиот и најнегостопримлив регион во светот каде температурите се спуштаат до минус 129 степени Целзиусови!
Во текот на зимата, од мај до август, станицата не добива сончева светлина. Но, кога добива, станува најсончевото место на планетата, добивајќи 22,9 часа сончева светлина!
Јелоунајф Канада
Главниот град на северозападните територии на Канада, Јелоунајф е оддалечен околу 514 километри од Арктичкиот круг и е дом на над 20 000 луѓе. Има субарктичка клима каде нормалната ниска температура може да се спушти до минус 32 степени Целзиусови во месец јануари.
Јелоунајф е познат како „најстудениот канадски град“ каде што ја забележа најниската температура од минус 51 степен Целзиус во февруари 1947 година. Градот, исто така, обезбедува „долги и јасни“ ноќи за секој што сака да биде сведок на поларната светлина од ноември до април.
Секое од овие места зрачи со своја посебност и убавина и покрај скоро невозможните услови за живеење. Тие не се само што ладни, тие се и брутални и луѓето што живеат тука имаат некаква вонземска еластичност за да можат да ги трпат условите… Затоа, кога температурата кај нас ќе се спушти 5 степени под нулата, да размислиме малку подлабоко пред да се исплашиме.