Земјотресот со магнитуда од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а утрово на два пати пред 4 часот по полноќ ги разбуди скопјани, а и населението во повеќе македонски градови. Потресот траеше околу 20 секунди и граѓаните веднаш споделија на социјалните мрежи.
Според првичните информации од германскиот ГФЗ потресот бил на длабочина од 10км, а 164км западно од Скопје, близу местото Рушкул, над градот Драч, во Албанија.
Во текот на претходниот час, регистрирани се и два други посилни земјотреса со 4,8 и 3,1 степени. Илјадници жители се излезени на улиците во Тирана и останатите градови блиски до епицентарот, јавуваат мештаните.
Земјотресот, според извештаите на сведоците е почувствуван дури до Нови Сад, Србија, Анкона и Наполи во Италија, Ламиа во Грција, Софија во Бугарија, Сплит во Хрватска и Бања Лука во Босна и Херцеговина.
Последователен земјотрес со повисок степен од 5,3 е исто така регистриран и во 4:04 часот, близу Драч.