ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Заради одредени објективни прашања постои резерва за издавање на НАТО сертификати

January 27, 2021 15:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја држава која станала членка на НАТО минувала низ истиот процес, и секаде одреден број нивни армиски припадници, не само на нивните структури туку и на цивилните структури не успевале да добијат НАТО сертификат. Тоа е затоа што кога ќе станете земја членка имате пристап до голем број на информации, и Алијансата е многу внимателна, рече денеска на прес-конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска. 

Таа посочи дека е погрешно и штетно да влеземе во математики од овој тип бидејќи тие можат да бидат злоупотребени и во државата и надвор од државата. 

Сепак, како што рече, оние кои не добиле сертификат, не значи дека направиле нешто што е спротивно на законот или на интересите на државата. 

Едноставно, посочи, заради одредени објективни прашања постои резерва и затоа тоа не се издава. И ние, како што рече, понекогаш немаме ни право тоа да го проблематизираме. 

-Но она на што дефинитивно немаме право ниту ние ниту останатите е тоа да го политизираме. Јас апелирам до сите да не дозволиме нешто што е тешко спечалено да го уништуваме заради полтиички поени, рече Шекеринска на денешната прес-конференција во одговор на прашање. 

Според министерката, не е во ред ова прашање да се политизира заради луѓе кои минале големи кариери, но и за нашиот имиџ како земја членка на НАТО. 

– Не е во ред ова прашање да се политизира заради луѓе кои минале големи кариери, но и за нашиот имиџ како земја членка на НАТО. Затоа се прави процесот на сертификација, затоа што секогаш дополнителна контрола треба да направиме, бидејќи имаме веќе пристап до податоци, информации и документи за кои никогаш не сме имале пристап во својата историја, рече Шекеринска. 

Додаде дека процесот на ресертификација не ги опфаќа само воените служби, туку и безбедносни, дипломатски служби, администрација и секаде и во секоја држава имало луѓе кои не добивале сертификати. 

И тие, какоа што рече, ќе продолжат да работат само на места на кои нема да имаат причина да пристапуваат до НАТО документи. 

-Ниту НАТО сертификациите ниту овој тип на проверки не се прават во институција за институцијата. Тоа го прави Дирекцијата, таа добива податоци од други институции и од военото разознавање. Во принцип ние досега во ниеден момент не сме добиле сигнал дека некој го прекршил законот или дека некој некој направил нешто спротивно на ингеренциите. Во ниеден случај тоа не е товорено како како проблем, додаде министерката. 

Појасни дека со НАТО документи можат да работат само луѓе кои ќе имаат НАТО сертификат, а со наши класифицирани информации ќе можат да работат луѓе кои имаат пристап до класифицирани информации според законската регулатива.

 

/МИА/
Next Post

Бесими – Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk