ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими – Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии

January 27, 2021 16:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршка за реформите за зајакнување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа тема на дискусија на денешната средба меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада.

На средбата, информираат од МФ, министерот Бесими ја запозна амбасадорката со концептот на „смарт“ финансии, во насока на зајакнување на планирањето, како и следењето на реализацијата на мерките кои се преземаат и нивниот импакт врз економијата и општеството. Министерот ги претстави и реформите кои се прават од аспект на буџетот и неговото извршување, како и Интегрираниот систем на управувањето со финансиите – ИФМИС.

Стана збор и за изменувањето на Спогодбата за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал со Швајцарија со Протокол, согласно правилата на ОЕЦД, во насока на зајакнување на одредбите од постојната спогодба, фер даночен третман и поголема даночна транспарентност.

Министерот и амбасадорката дискутираа и за досегашната соработка помеѓу двете земји на економски план, како и за искуствата за справување со последиците предизвикани од пандемијата со Ковид-19. Бесими посочи дека очекувањата за нашата економија за годинава се стабилизација и закрепнување. Преземените антикризни мерки и мерките кои допрва ќе се преземаат, додаде, ќе придонесат за тоа, а се очекува и со слабеењето на кризата, довербата на инвеститорите да расте, како и забрзување на економската активност во целина.

Швајцарија е наш партнер за реформските процеси во земјава во областите на транспорт, животна средина, економски развој и демократско управување преку голем број на проекти кои се реализираат и кои допрва ќе се реализираат. Беше изразена подготвеност за поддршка на нови проекти кои ќе придонесат за подобрувањето на стандардот и демократско владеење.

 

/МИА/
Next Post

Дебата на НКЕУ-МК: Правно да се регулира работењето во услови на пандемија, некои од кови мерките резултираа со нови родови нееднаквости

НАЈНОВО

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk