ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Празникот Свети Сава, како Национален ден на српската заедница во нашата земја е потврда за нашите заложби за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување кои ги негуваме

January 27, 2021 19:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва со видео обраќање на Свечената академија што се одржа онлајн по повод 27 Јануари, Свети Сава, го честиташе Националниот празник на српската заедница во нашата земја.

Во обраќањето до српскиот народ премиерот Заев изрази искрени желби за добро здравје, радост и благосостојба, и потенцираше дека славењето на овој празник е потврда за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување, и дека токму различностите се богатство и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите.

Во продолжение Ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот во целост.

„Ми претставува особена чест, во мое име, и во име на Владата и на македонските граѓани, да го честитам Националниот ден на Србите во Северна Македонија, Ден кој е посветен на еден од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.

Со оваа порака упатувам честитки и до граѓаните од православна вероисповед на соседна и пријателска Република Србија и на сите Срби каде и да се, со искрени желби за добро здравје, радост и благосостојба.

Животот и делото на Свети Сава, особено неговата саможртва да се откаже од земските блага и да го прифати православното христијанство како негова лична морална определба, направија овој свет човек да се чествува од сите Христијани, без разлика во кои државни граници живеат. Затоа што тој така им приоѓаше на сите – како кон свои браќа, а не како странец кон странци.

Славењето на овој голем празник, кој е од посебно значење за српската заедница, е потврда и за нашите заложби за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување кое го негуваме во Северна Македонија.

Нашето општество е мозаик од вредности, мозаик од различности. Токму различностите се богатство и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите.

Преку одбележувањето и славењето на празниците на нашите заедници ја одржуваме традицијата  на почитување на различните културни особености и заеднички се стремиме кон градењето посветла и просперитетна иднина за сите граѓани.

Свети Сава е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони на српската држава. Свети Сава е молитвен застапник на сите кои преку него побарале помош, а со своето бесмртно дело и понатаму е посредник на сите во неволја.

Тој е духовник на кој се угледуваат припадниците на српскиот народ кога во својата духовна зрелост го креираат својот личен карактер, а со тоа и карактерот на својата заедница.

Во тој дух ја гледаме и постапката на искрено подадената рака на пријателство и солидарност на Република Србија со отстапените вакцини како прва помош за нашите граѓани додека во земјата не стигнат договорените количини. Ја користам оваа прилика уште еднаш да кажам Благодарам што го помагате нашето јавно здравје.

Уште еднаш најсрдечно упатувам честитки по повод Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден“.
Next Post

Професор Ристова:Итна реформа денес за подобро утре

НАЈНОВО

Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва

August 15, 2025

Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

August 15, 2025

Медиумите и изборите: Чувари на демократијата или алатка за манипулација – што е што во изборен контекст

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk