ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт

January 27, 2021 20:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, на страна од дневниот ред, процедурално се дебатираше и за најавената расправа за предложената нацрт-концепција за реформи во основното образование.

На седницата, од опозицијата побараа одржување на јавна расправа за предложената нацрт-концепција за реформи во основното образование, додека, пак, од власта посочија дека истата е предвидена и ќе се одржи наскоро.

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ изјави дека е легитимно барањето да се одржи јавната расправа и посочи дека околу истата веќе секојдневно се вршат состаноци, работни средби помеѓу институциите во нашата држава, експерти и граѓански организации.

– Верувам дека на крајот концепцијата ќе биде таква каква што ќе го овозможи унапредувањето на образованието и знаењето на нашите деца, на учениците во нашата држава, изјави Рамчиловиќ во своето излагање.

Од опозицијата, пак, пратеничката Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ, изрази недоверба во уверувањата дека ќе има јавна расправа поради досегашните, како што посочи таа, неисполнети ветувања на Министерката за образование, Мила Царовска.

– Самата министерка нè убеди дека ќе биде транспарентна и ќе обезбеди широк појас на консултации со засегнати институции, поединци, други правни субјекти кои што треба да ја имплементираат оваа реформа и стратегијата, треба да ги имлементираат законите, меѓутоа, според делувањето на министерката во моментов, ние гледаме дека таа самата го игнорира тоа што самата го најави, образложи Стојкова Серафимовска.

Во таа насока, пратеничката Стојкова Серафимовска посочи дека министерката не се гледа со институции  туку се гледа со поединци за кои смета дека ќе дадат позитивна оценка на нејзините реформи.

На дневниот ред на денешната шеста седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, која сè уште трае, се Предлог законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и Предлог законот за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, и двата во прво читање./МИА/

Next Post

Филипче: Здравствените работници на Нефрологија се со лесна клиничка слика, работата во установата се одвива регуларно

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk